Воспитување

Совети од психолог: Ако детето има страв од одвојување, не правете ги овие грешки

Стравот од разделба или таканаречената анксиозност на одвојување е нормална фаза во развојот на секое дете. Како што објаснува д-р Жак Богданов, детски психолог специјализиран за воспитување деца со АДХД и анксиозност, постојат неколку начини на кои родителите можат дополнително да ја влошат оваа доста честа појава кај своето дете.

„Често грешиме затоа што можеби сме слушнале совети од други луѓе или самите сме ги доживеале во детството. Наместо да го подобриме и намалиме стравот од разделба, правиме само поголема штета“, објаснува психологот.

Како една од најголемите грешки психологот го нагласува подготвувањето на детето за следната ситуација наместо да се фокусира на неговите чувства.

„Дури и ако родителите му објаснат на своето дете дека го чека одредена промена, тие сепак се изненадени од чувствата на детето кога ќе се најдат во таа ситуација. Имено, важно е да зборувате за емоциите кои ќе ги доживее вашето малечко, без разлика дали се работи за одење на училиште или за чување од страна на нова дадилка. Зборувањето за чувствата ќе му помогне на детето полесно да се справи со нив“, објаснува тој.

Следната грешка што ја прават многу родители е што забораваат дека чувството на страв е сосема нормално. „Родителите треба да ги разберат чувствата на страв на нивните деца. Верувајте им кога ќе ви кажат дека се плашат од нешто, нормално е чувството кога доаѓаат промени, особено оние предизвикани од разделба“.

Меѓутоа, фокусирањето исклучиво на анксиозноста на детето и игнорирањето на сопствените стравови, реакции и емоции, исто така, може да биде една од почестите грешки.

„Многу родители се фокусираат на тоа како ќе се чувствуваат нивните деца, а истовремено не мислат дека нивните чувства навистина влијаат врз нивното дете и само им го отежнуваат веќе напорниот и стресен период“, советува тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top