Ако вие и вашето дете имате мачнини додека патувате, прочитајте ги советите на една мајка која успешно го решава овој проблем.

Мојата ќерка и јас имаме најголем проблем со мачнини додека патуваме со брод, авион или автомобил. Но, тоа не нè спречува да летаме и да крстосуваме. Доколку сакате и вие да се решите од маката за време на патувањето, пробајте некои од следните 9 совети што нам ни се од голема помош.

1. Користете ѓумбир

Ѓумбирот е природно средство кое помага за проблемите со стомакот. Можете да го најдете и во форма на таблети, во прав или да го купите свеж и да го сварите како чај.

2. Тргнете ги мислите

Окупирајте му го вниманието на детето и тргнете му ги мислите од мачнината. Можете да му читате некоја приказна, да му дадете да слуша музика или аудиокнига, да гледа некој филм. Сето она што вклучува размислување како што е, на пример, играње игри, може да ги влоши работите.

3. Обидете се со лекови

Во аптека можете да купите лекови против мачнини. Тие најдобро дејствуваат ако се испијат еден час пред тргнување. На мојата ќерка и мене овие лекови најмногу ни помогнаа кога патувавме со брод.

4. Внимателно одбирајте го местото на седење

Во случај да се возите со крузер, најдобро е да ја изберете кабината која не е под палубата. Ако е во прашање чамец, седнете на средина, каде што движењата се минимални. Секогаш седете на тој начин што ќе гледате во правецот во кој се движите и ако е можно, гледајте во хоризонтот.

5. Пробајте акупресура

Постојат ракавици против мачнини кои се засновани на акупресура. Оваа ракавица ја стимулира точката на рачниот зглоб за која акупресорите веруваат дека ја намалува мачнината. Имам пријателка која ја носеше оваа ракавица во текот на првите месеци од бременоста и која може да го гарантира нејзиното дејство. Ќерка ми и јас редовно ги носиме кога летаме. Ако ја немате оваа ракавица, можете едноставно со помош на трите прста да ја притиснете точката под дланката, односно на рачниот зглоб. Јас главно ова го правам кога има турбуленции во авионот.

6. Имајте протеински грицки

Експертите советуваат пред патување никако да не јадете обилни оброци. Наместо тоа, со себе понесете протеински грицки и јадете на секој час за да избегнете стомакот да ви биде празен. Можеби е тоа причината зошто во авионите делат кикиритки, но секако немојте да се надевате на тоа, туку понесете свои грицки.

7. Излезете на свеж воздух

Ако постои можност да вдишете свеж воздух, знајте дека тој прави чуда. Кога во една пригода бевме на Хаваите и меѓу другото се возевме со „катамаран“ (вид чамец од два споени трупци) и кога брановите во еден момент беа големи, а мачнината се појавуваше, студената вода ми го наводени лицето, а ветерот дополнително ме освежи, што ми помогна да не ми биде мачно.

8. Пробајте слатка занимација

Пробајте бонбони со етерични масла кои дејствуваат против мачнина. Постојат и лижавчиња за деца кои се специјално наменети за третирање мачнина, а може да ги најдете во аптека. Секако дека нешто слатко може да го утеши детето кое има мачнина, па дури и ако е тоа само психолошки.

9. Користете етерични масла

Етеричните масла имаат природно дејство на симптомите од мачнината. Пробајте масло од ѓумбир и нане за да ја намалите чувствителноста на стомакот и желудникот.



912

X