Воспитување

Маск, Закерберг, Опра почнале од нула. Има ли рецепт за тоа како се одгледува милионер?

Илон Маск, Лери Пејџ, Марк Закерберг и Опра Винфри – светот е преполн со приказни за милионери кои почнале од нула и постигнале неверојатен успех! Кој не се надева, длабоко во себе, дека неговото дете ќе стане еден од најмоќните луѓе во светот? Па останува прашањето: Како да одгледате дете што ќе биде успешно во животот?

1. Зборувајте со вашето дете за пари

Не е нешто што можете да го направите, туку нешто што треба да го направите. Од рана возраст детето мора да знае од каде доаѓаат парите, за што се користат и како може да се заработат. Во продавница обидете се да го насочите неговото внимание кон цените. Детето ќе биде среќно што се вклучува во процесот на купување. Може да избере нешто од листата и да ви каже колку чини. Потоа да сфати зошто, на пример, земате паста за заби што е поевтина. Објаснете му што работите вие и партнерот, зошто одите секој ден на работа и колкава плата земате. За време на вечерата зборувајте за финансиските перспективи и идни годишни одмори.

2. Испратете го детето во набавка на намирници

Не мора да го испратите само. Можете да стоите покрај него и да гледате. Децата на возраст од 7 до 9 години може да ги извршуваат овие задачи. Бидете сигурни дека детето ја има листата со намирници што се потребни, дека ја знае целта и ги има парите. Детето треба да избере од продуктите и да нема други работи што му го одвлекуваат вниманието. Треба да пресмета и колку пари има.

3. Играјте игри поврзани со економија

„Монопол“ и сличните игри се одлични, а ги учат децата за инвестиции, даноци и слично. Одберете игра соодветна на возраста на детето, а можете да играте и игри со улоги, на пример, банкари, продавачи и слично.

4. Теоријата на трите касички за пари – прв чекор кон составување буџет

Роберт Кијосаки, автор на книгата „Богат татко, сиромашен татко“, и Марк Ален, автор на „Курс за милионери“, го промовираат овој концепт во своите книги. На вашето дете му се потребни 3 или 4 касички за пари каде што ќе штеди за различни цели. Штедење за одредени потребни материјали или парчиња облека и слично, трошоци – пари преку кои детето ќе сфати како може да се награди себеси откако ќе заработи пари, инвестиции – штедење пари за идни проекти и хуманост – чување пари за услови кога заработените пари нема да се доволни, или за донирање на некој на кого му се повеќе потребни.

5. Не смеете никогаш да кажете „Не можеме да си го дозволиме тоа

Некои родители ја користат оваа фраза како изговор за да избегнат да ги разгалат своите деца. Но, кога фразата е исполнета со негативност, децата сфаќаат дека родителите не се задоволни со тоа што го имаат и дека парите поттикнуваат негативни емоции. Исто така, таа фраза промовира пасивност и покажува дека дозволувате парите да ве контролираат.

6. Одбивање да се купи нешто што не можете да си го дозволите

Не сме тука за да го купиме ова – овој одговор се однесува на делот за приоритети, цврстина и планирање. Можете да му кажете на детето дека ќе ја запомните играчката и кога ќе одите во шопинг за роденден, ќе ја имате на ум. Може да се договорите со детето дека ќе му купувате еден подарок неделно, а не постојано. „Ова чини повеќе отколку што планирав да потрошам“ – оваа фраза е правилниот одговор за да докажете дека возрасните однапред ги планираат своите трошоци. „Ако можеш да најдеш за подобра цена, ќе го земеме“ – и ова е добра реченица која покажува дека не треба да се избрзува и веднаш да се купува најскапото.

7. Правете торта еднаш неделно со вашето дете

Експериментите во кујна му овозможуваат на детето да совлада многу вештини. Со тоа ќе му помогнете да развие независност и самодоверба, волја да го заврши започнатиот проект, способност да ги согледа резултатите од сопствениот труд и да ужива во нив, волја да презема ризици и одговорност.

8. Креирајте уникатна средина за учење за детето заснована на неговиот личен вкус, омилени мириси и звуци

Со ова ќе ја зголемите мотивацијата кај детето – а тоа е концепт смислен во 1951 година од страна на психологот Курт Левин. Тој изучувал како предметите околу луѓето влијаат врз нивниот развој и иден живот. На пример, психологот Љубов Сгоник ги учи родителите да откријат што му се допаѓа на нивното дете и ги охрабрува да го опкружат детето со тие работи додека учи.

9. Дозволете му на детето одвреме-навреме да изостане од часови

Успешни луѓе не се само оние што биле одлични ученици со најдобри оценки, туку флексибилните луѓе што учат нови работи, идентификуваат уникатни можности и сфаќаат кога може да се прекршат правилата. Па наместо одење на училиште, некогаш можете да имате ден поминат заедно во релаксација или да одите на планинарење или да посетите музеј. Тоа може да даде придобивки во однос на психолошкото здравје, останување во силна физичка форма, зајакнување на внатрешната мотивација, приоретизирање, преземање ризици, како и покажување љубов кон детето.

10. Дозволете си да бидете мрзлив родител, барем понекогаш

Моментот кога не правите појадок, следите распоред или ја надгледувате домашната работа на вашето дете, е моментот кога ќе се соочите со празен распоред кој можеби ќе сакате да го исполните со обврски. Наместо тоа, опуштете се. Оставете ги децата да ја завршат работата. Тоа е можност да станат независни и да преземаат иницијатива. Колку што е поголемо детето, толку покомплицирани задачи ќе може да завршува. Секое дете помеѓу 6 и 7 години е способно да ја нахрани мачката, на пример, да ги исчисти чевлите, да ја испразни машината за миење садови. Проблемот е што малку родители веруваат дека ова е вистина.

Заклучокот е дека треба да ги оставите сами да извршуваат одредени задачи бидејќи независноста е една од најважните компоненти на успехот – особено од финансиски аспект.

Извор

Поврзани написи

To top