Се прашувате како да го запознаете вашето дете со најновиот член во семејството, новороденчето?

Сите ние имаме соништа за првиот блескав состанок и првите неколку недели. Но реалноста е поинаква.
Ако сте загрижени дека ќе се појави љубомора кај постарите деца или размислувате како ќе се справите со две (три или повеќе) деца, немојте да се грижите.
Доаѓањето на новороденчето во домот е возбудливо и постојат вистински начини да се направи оваа транзицијата безболна.

1.Пракса, пракса, пракса

Почнете порано да го запознавате вашето дете со идејата за новото бебе. Ако имате пријатели или членови на семејството што имаат мало дете, прашајте ги дали може да ги посетувате. Читајте им книги за нови браќа и сестри. Покажете му слики и раскажете му на вашето дете како и тоа било бебе. Купете кукла бебе и вежбајте како нежно да си игра со неа.

2. Поминете време насамо со вашето дете

Животот со новороденче знае да биде бурен и исцрпувачки. Тоа е уште поголема причина за да поминувате време со вашето дете насамо, дури и да се само 10 минути дневно. Додека сте во болница, направете вашето дете да се чувствува посебно така што ќе ставите негова слика на место каде што сте сигурни дека ќе ја види.

3. Давајте му задачи да ви помага

Дајте му на вашето постаро дете обврски околу грижата за бебето. Во зависност од неговата возраст, можете да му дадете различни обврски, на пр., подавање пелени, прашајте го во што да го облечете бебето. Ако е доволно возрасно за да разбере, прашајте го за мислење што сака да каже бебето или зошто плаче.

4. Подароци за добре дојде

Имајте на ум дека вашето семејство и пријателите ќе сакаат да донесат подароци за новото бебе. Во случај да не носат подарок за вашето повозрасно дете, чувајте неколку подароци дома за да се чувствува како дел од настанот. Ако одлучите да му дадете подарок на постарото дете, тогаш нагласете му дека подарокот е од новото бебе.

5. Трпение и длабоко вдишување
Со добивањето брат или сестра постарите деца често се враќаат наназад и обично не е најдобро време да додадете уште една промена, како одвикнување од пелена или преместување од креветчето во кревет. Запомнете, длабоко вдишување кога детето се вознемирува или има напади на бес. Имајте на ум дека во зависност од разликата во годините, различните карактери и семејни околности, не постои едно исто решение во родителството.

 



912

X