Како и другите во земјава – и јас ја добив информацијата дека моите тројца тинејџери ќе бидат дома неколку недели поради коронавирусот. Од една страна сум среќна бидејќи децата се тинејџери и можат да ми помогнат околу домашните обврски и не им е потребно постојано внимание од мојата страна, додека јас ги завршувам работните обврски и не го губам умот слушајќи цртани од „Дизни“ по цел ден. Сепак, да се има тинејџери и да се обидувате да применувате социјална дистанца е друг тип предизвик. Голем дел од тинејџерите мислат дека овој вирус не ги допира толку многу. Тие имаат чувство дека се непобедливи и дека знаат многу повеќе од секој возрасен што го познаваат, комбинирано. Па, би сакала да одвојам време за да го понудам моето сочувство.

Животите на нашите тинејџери се вртат околу контактите со пријателите и одењето на училиште. Но сега тоа им е одземено и треба да бидеме паметни и да не им дозволиме да им доаѓаат пријатели додека не се справиме со кризава, па сето тоа предизвикува лоши чувства.

Барем јас така се чувствувам. Можеме да ги сакаме нашите деца, но да не сакаме да бидат затворени дома со недели. Можеби ќе сакаме малку социјална дистанца од нашите деца кога сето ова ќе заврши. Ова се 8 начини за социјалното дистанцирање да биде полесно за децата (но, и за вас):

1. Најдете пријател со кој ќе зборувате и ќе си олесните

Социјалното дистанцирање од млади луѓе што не сакаат да се дружат со вас е малку фрустрирачко. Најдете пријател со кој можете да позборувате за тоа. Можеби добро ќе се насмеете или ќе си олесните и со плачење во врска со темата. Запомнете дека е добро сета негативна енергија да ја извадите од себе.

2. Одржувајте ја комуникацијата

Вашите деца нека знаат дека може да зборуваат за она што ги загрижува цело време. Можеби изгледаат како да не се загрижени, или мислат дека ситуацијата не допира до нив, но сигурно длабоко во себе имаат прашања и грижи. Ако знаат дека може да ви се обратат, тогаш дискутирајте пред нивните прашања да преминат во паника. Потсетете ги и дека дополнителната храна и намирниците што ги купувате не треба да ги допираат. Сигурно ќе би требаат секојдневно.

3. Создајте рутина

Откако дознав дека училиштата ќе се затворат, излегов да купам бои и четки. Без разлика дали децата ќе кажат, знам дека ќе им биде здодевно. Физичката работа ќе биде добра за нив и ќе ги подготви за враќањето на училиште. Дополнително, бојата во домот ќе биде свежа. Вин-вин ситуација.

4. Излезете на воздух

Излезете на прошетка во дворот или седнете на клупа и гледајте ги птиците. Седете покрај прозорец кога е сончево. Земете го омилениот пијалак или одете да се повозите со автомобилот. Едноставно, повремено сменете ги положбата и видикот.

5. Печете заедно

Ќерка ми многу сака да оди во омилениот ресторан за да јаде колачиња. Наместо тоа, самите направивме колачиња и си јадевме дома. Кога во продавница немаше тестенини, пронајдовме рецепт на интернет за домашни. Беше неуредно, но и забавно, а сега моите деца сакаат да помагаат во готвењето.

6. Движење

Мојот син не оди во фитнес-сала затоа што е затворена, па полудува. Му реков да направи видео со вежбање заедно со мене и тој се смееше, сметајќи дека тоа нема да биде вежбање за него. Но, беше. Дури и мала физичка активност е огромен двигател на расположението.

7. Ограничете го времето пред екраните

Не е важно кој сте, но ако постојано седите на телефонот, пред телевизорот, компјутерот, нема да се чувствувате добро. Не дозволуваме екрани во собите на децата, па кога нешто страшно како ова се случува, всушност нè спасува. Последната работа што ја сакам е моите деца да седат во соба и да слушаат приказни за Ковид-19.

8. Посветете се на спомените

Ова е одлично време за да ги гледате старите фотографии и вашите деца кога биле мали. Раскажете им приказна за нивното прво запче и слични такви моменти. Запомнете, вашите тинејџери можеби ќе бидат повеќе дома во следните недели и месеци отколку што некогаш ќе бидат. Бидете со нив, зборувајте со нив. Создајте убави спомени иако сме сите во лоша ситуација. Ако сте како мене, ќе се потсетувате колку ги сакате и ќе сфатите дека за неколку години ќе пораснат и ќе си продолжат со сопствениот живот, јадејќи го вишокот храна и слушајќи ја својата ужасна музика.

Автор: Кејти Бингам-Смит



912

X