Во време на изолација и социјално дистанцирање, прошетката надвор (притоа да се придржувате до препораката за дистанца) е еден од неколкуте начини за семејствата малку да вдишат свеж воздух. Но сега, цели соседства низ светот ги здружуваат силите (онлајн) за семејните прошетки да ги направат позабавни.

Иако не се знае од каде потекна идејата, соседите на „Фејсбук“ и на други платформи изнаоѓаат забавни начини за да имаат интеракција едни со други во текот на глобалната пандемија. Така, на пример, голем дел од семејствата играат игра наречена „Јас, шпионирам/Јас, шпионот“  – каде што на сите куќи луѓето поставуваат мечиња или некаков вид уметност на прозорците за децата да можат да избројат колку такви предмети има во текот на нивната прошетка.

Други создаваат бинго-картички што вклучуваат црвени врати и градинарски џуџиња-украси.

Многу вакви игри се специфични за одредени соседства. На пример, семејствата во Бруклин, Њујорк, имаат поставено толку многу виножита на прозорците, што некој создал дигитална мапа што ги означува нивните локации.

Други примери се и пораките напишани со креда на тротоарите што децата ги оставаат за своите другарчиња. Некои луѓе дури и ги претворија своите мини-библиотеки во места каде што се остава храна за оние што не можат да одат во продавница.


Извор



912

X