Мелиса Петро и нејзиниот сопруг биле рамноправни партнери. Двајцата работеле со полно работно време, тој како консултант во дигитална компанија, а таа како писател-фриленсер. Еднакво придонесувале за домашниот буџет, а домашните обврски ги делеле рамноправно.

Кога се родил нивниот син, сè се променило, пишува „Бизнис инсајдер“.

– Бев психички и физички исцрпена од доење и домашни обврски. Ја изгубив некогашната енергија. Иако бев успешна во својата работа, мојата заработка едвај беше доволна да ги покрие трошоците за градинка – рекла Мелиса.

Тогаш му предложила на својот сопруг необичен договор. Наместо да вработи дадилка, таа да го чува детето и да ја преземе целата грижа за домаќинството, а за тоа да добива паричен надомест.

По темелните пресметки дошле до цифра од 15 долари за час, кои нејзиниот маж би требало редовно да ѝ ги исплаќа.

– Првата работа што ја научив е дека мајчинството е тешко и не би требало да биде евтино. Според некои податоци, кога би го наплаќале својот труд за домашните обврски, би заработувале околу 162 илјади долари годишно. Јас цифрата ја заокружив на онолку колку што би чинела најблиската градинка. Сега кога ќе погледнам назад, требало да му наплатам многу повеќе – раскажува Мелиса.

 

Не ѝ биле доволно парите, па почнала хонорарно да пишува во периодите кога бебето спиело.

– Тогаш сфатив дека се преценив во однос на тоа што можам да направам за осум часа. Откако ќе го нахранев бебето, ќе му сменев пелени, потоа следуваше играње, миење садови и перење облека, па немав време ниту за туширање, а не пак за дополнителна работа – вели Мелиса, која се откажала од пишувањето кога бебето почнало самостојно да се движи.

Бидејќи се согласиле дека куќата е нејзина работа, обврските ги завршувала таа и тоа на крајот од работниот ден. Нејзиниот сопруг само повремено помагал околу детето.
– Се чувствував неисполнето, исцрпено и огорчено. Откако речиси една година бев домаќинка со полно работно време, стигнав до точка на кршење. Сопругот почна да покрива повеќе трошоци, што значи дека ми даде зголемување на платата. А јас вработив жена која ми помага по три часа дневно – раскажува Мелиса.

 

 

View this post on Instagram

 

#fatherandson #memorialdayweekend #cookout #peekskillny #depewpark

A post shared by Melissa Petro (@melissa.petro) on

 



912

X