Здравје

Сончаница кај деца: Што да преземете?

Еден од најалармантните проблеми кои го носи сонцето е секако, сончаницата или топлотниот удар, за што родителите би требало што подобро и на време да се информираат. Сончаницата е бурна реакција на целиот организам на прекумерното изложување на сонце, но почеста е таканаречената доцна сончаница која се добива неколку часа после престој на топло – пред спиење или во текот на првиот сон.

Раната реакција е многу бурна: детето одеднаш ја губи силата, чувствува вртоглавица и мачнина, неретко и повраќа и станува поспано. Повеќето деца може да бидат вознемирени, а главоболката е речиси секогаш присутна. Детето е поросено со капки пот, рацете и нозете се прво топли, а ако не се тргне од сонцето, стануваат студени и треперат. Телесната температура може да биде нормална, но обично е покачена. Колку е детето помало и симптомите се поизразени, опасноста од компликации е поголема. Кога веќе ќе се претера со сончање, може да дојде до губиток на свеста, што почесто се случува кај адолесцентите.

Кога се случува „доцна“ сончаница, симптомите побавно се појавуваат, помалку се изразени, но подолго траат. Децата се топли, иако не се на сонце. Изгледаат како да ги фатил вирус, па мајките и татковците често се бунат мислејќи дека е во прашање инфекција. Децата се многу раздразливи – плачат, навидум без причина, а поголемите деца обично имаат мачнина (понекогаш и повраќаат), имаат променливо расположение и несоница. Телесната температура по правило е покачена.

Детето има сончаница: што да се направи?

Тргнете го детето од сонце – ако се работи за рана и бурна сончаница, детето прво треба да се тргне од сонце, ако е можно да се оди во климатизирана просторија или барем во замрачена и добро проветрена соба или апартман.
Истуширајте го детето со млака вода: потоа оставете го да се исуши без бришење.
Дајте му да пие многу течности: разладен пијалок (чај, сок, или обична вода). Течностите не ги давајте одеднаш во голема количина, туку почесто по малку, особено ако детето повратило.
Дајте му лек: ако телесната температура и натаму е висока, на детето треба да му се даде некој од лековите за намалување на температурата.
Му треба одмор: следните неколку часа детето треба да се одмора. Идеално би било ако отспие. Се разбира, во текот на сонот треба да се контролира телесната температура, па во случај на ново покачување, да се повтори терапијата. Веќе после 4 часа од претходната доза, може да се повтори лекот. А ако поминало помалку време, да се повтори туширањето со млада вода.

Како да се спречи сончаница?

Избегнувањето на изложување на сонце помеѓу 10 и 17 часот е најважно. Детето треба добро да се заштити, односно да се намачка со заштитна крема и на главата да стави шешир. Обична бела лесна маица ќе ги заштити нејизложените делови од телото. На детето треба често да му се нуди течност (дури и кога не бара), најдобро вода и тоа не многу студена. Консумација на полесна храна распределена во повеќе помали оброци, основана на многу овошје и зеленчук е исто така пожелна. Задолжително разладете ги просториите каде што престојуваат децата на прифатлива температура.

Автор: Карина Шиздрак

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top