Сончевите зраци се извор на животот и тоа е причина зошто не треба да ги гледаме како непријатели. Сонцето на нашето тело ќе му даде витамин Д и тоа ќе не направи посреќни и задоволни. Неговата топлина ги грее нашите мускули и зглобови и ги опушта тетивите. Но, сонцето, ако се претера, може да ви предизвика и штета. Бремените жени во таа смисла, се посебно чувствителни и затоа треба да ги следат следниве совети.

Вака трудниците без проблем може да се препуштат на сонцето:

– Со заштитна крема – добрата заштита секогаш се препорачува бидејќи кожата во бременоста е чувствителна и полесно гори. Добри се препаратите без нано-честички и парабен, а слободно можете да земете и подобри креми за бебиња и деца. И секако, сончајте се наутро и подоцна попладне, а во текот на денот одморајте во ладовина.

– Побавно станувајте – заради дополнителното оптоварување на циркулацијата, топлината и наглите движења може да предизвикаат вртоглавица и несвестица. Така, препорачливо е побавно станување, а најдобро да седите наместо да лежите. Ако лежите, полека подигнувајте се.

– Секогаш имајте течност до себе – кога циркулацијата ќе се успори или кога ќе ви падне притисокот, една голтка вода може да помогне во враќањето кон нормалната состојба.

Совет за бремените во 2 и 3 тромесечје: и бебињата во стомакот сакаат сончева светлина бидејќи таа продира до слоевите на кожата од стомакот и ја бои внатрешноста во топла, светло црвена боја. Затоа оставете секој ден малку сонце да ве грее на вашиот стомак и набљудувајте како вашето бебе ќе реагира на тоа.

Уште неколку интересни потребни работи за на плажа за трудниците:

– Стабилни апостолки или влечки

– Задолжителен втор костим за капење за пресоблекување, за да се спречи можно воспаление на мочниот меур или габички на кои трудниците се склони

– Шише со распрскувач кое ќе го наполните со термална или обична вода. Повремено попрскувајте се на лицето, рацете, нозете

– Понесете нешто за грицкање заради можен пад на шеќерот (јаткасти или суви плодови, свежо овошје, бонбони, сладолед)

Автор: М.Б.



912

X