Воспитување

Со второто дете е најтешко, потврдија експерти

Дали некогаш сте помислиле дека со првото дете сè одеше без проблем, а имате проблеми со второто? Токму оваа теза ги водела научниците кои заклучиле дека второто дете може да биде „потешко“ и попроблематично од другите деца во семејството.

Во студијата спроведена од Џозеф Дојл од Технолошкиот институт во Масачусетс учествувале илјада семејства со две или повеќе деца, а резултатите биле неверојатни. Имено, откриено е дека второроденото дете запаѓа во неволја почесто од другите деца во семејството. Важно е да се нагласи дека научниците првенствено ги проучувале семејствата во кои второто дете е машко.

„Во семејствата со две или повеќе деца, второродените момчиња имаат 25 до 40 отсто поголеми шанси да западнат во проблеми на училиште или да имаат проблеми со законот подоцна во животот отколку првородените момчиња“, велат тие.

Детето има потреба да се натпреварува за вниманието на родителите

Дојл објаснува дека на ваквото однесување влијаат различни фактори, како потребата на другото дете некако да се натпреварува за вниманието на родителите, но и присуството на постар модел во неговиот живот, односно брат или сестра.

„Додека првородените деца имаат возрасни за пример, примерот на второродените деца обично се постар брат или сестра. Можеби не се однесуваат рационално или како што треба, а тоа многу влијае врз однесувањето на детето, кое подоцна ги копира. И напорите на родителите се различни, а влијанието на братот или сестрата дополнително придонесува за тие разлики што подоцна ги гледаме во лошото однесување“, смета Дојл.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top