И покрај тоа што малку се запознаени со животот на покојниот актер Робин Вилијамс уште помалку се знае за неговите деца. Најновиот документарец на HBO зборува подетално за нивниот личен живот и за тоа какво влијание Робин имал на трите деца: Зак, Зелда и Коди.

Зак има 35 години и е единственото дете од неговата првата жена Валери Веларди.  Зак не сака да биде дел од шоу бизнисот. Наспроти тоа, тој тврди дека поседува голем интерес кон економијата и сака да се занимава со анализирање на пазарите и инвеститорите. Зак смета дека поседува вештини за решавање на сите проблеми од областа на економијата.

Извор: Getty Images

Второто дете на Робин е 28 годишната Зелда која е писател и глумица. Таа е негово прво дете од вториот брак со Марша Гарс Вилијамс. Зелда дефинитивно го наследила талентот на татко ѝ. Глумеше во серијата „Мртво лето“ , го позајми гласот за еден од ликовите на цртаниот филм „Нинџа желки“, а исто така е и режисер на серијата „Темниот нет“.

Робин ѝ го дал името по лик на една видео игра.

Коди, најмалиот син на Робин, работи во Холивуд, но за разлика од она што го работеше неговиот татко, тој е зад камерите како помошник директор. И покрај тоа што Коди има само 26 години, неговиот талент брзо се препозна со оглед на тоа што има работено со филмовите Спајдермен и Капетанот Америка:Граѓанската војна.



912

X