Насилството е честа појава кај децата и многу од нив доживуваат насилство во одреден период од нивното растење, без оглед дали е вербално или физичко.

Но, никогаш не е рано да се зборува со децата за насилството и да им се покаже колку може да биде штетно.

Една мајка одлучила да искористи обично парче хартија за да им покаже на своите ќерки Алејна и Нелија зошто насилството им нанесува рани на другите, кои понекогаш не заздравуваат и оставаат траума за цел живот.

Таа им рекла на своите ќерки да ѝ кажуваат погрдни зборови на парчето хартија.

„Грд си“, „Смрдиш како кучешка храна“, „Дебел си“, „Затоа мајка ти не те сака“, почнуваат да набројуваат девојчињата.

Мајката ја виткала хартијата на секоја реченица, сè додека не ја направила во топче. Потоа им рекла на ќерките да му се извинат на топчето. По извинувањето, мајката се обидела да ја донесе хартијата во првобитната состојба.

– Дали е иста? – ги праша таа, на што девојчињата одговораат не.

– Затоа не треба да бидете насилни кон другите. Јасно? – ги прашала таа.

@_iamdiosa_

I just love this msg! ✌?❤️ #stopbullying #bully #no #stop #bebetter #parenting #momslife #momsoftiktok #teaching #viral #fyp #foryou #foryoupage #fy

♬ original sound – ? IamDiosa ?

Пораката што им ја испрати на децата е едноставна, но моќна. Девојчињата успеаја да го визуализираат проблемот, а снимката е прегледана повеќе од 16 милиони пати.

Децата што доживуваат насилство можат да бидат физички, социјално, емоционално, академски и психички погодени. Злоупотребените деца имаат поголема веројатност да доживеат депресија, анксиозност, да доживеат здравствени проблеми и да постигнат послаби академски перформанси.

Извор



912

X