Во текот на вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на заболени со морбили, информираат од Министерство за здравство. На Клиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести.
-На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување. Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно 6-годишно дете од скопското село Љуботен, кое е вакцинирано со една доза, како и 4 возрасни пациенти (двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово), кои се пуштени на домашно лекување – велат од министерството.

Според податоци од пунктовите за имунизација, од почетокот на епидемијата се вакцинирани вкупно 5.107 деца.



912

X