Децата се среќни поради нештата кои многумина од нас ги земаат здраво за готово – љубовта на нивното семејство и безбедното место кое може да го наречат дом.
Минатото лето Мелори Елис се нашла во незавидна ситуација. Нејзиниот сопруг тешко се разболел и завршил во болница, поради што неколку месеци не можел да работи. Неговиот живот висел на конец, а тоа им нанело огромен емоционален и финансиски притисок на Мелори и нејзините два сина.
За среќа, мажот бил успешно опериран, но следувале месеци поминати во рехабилитација. Како што поминувале неделите, семејството тонело сè подлабоко во финансиска бездна. Мелори одела на две работни места и очајно се обидувала да врзе крај со крај. Но, крајот не успеала. Приходите ѝ биле недоволни и останала на улица со двете деца.
Цените за киријата во Флорида се високи, па Мелори била задоволна кога еден пријател им ја дал својата гаража да имаат каде да спијат. Сепак, тие копнееле по место што би можеле да го наречат дом. Мелори потоа отворила профил на социјалната платформа „Тик-ток“ и ги преточила своите емоции во искрено видео.
„Кога сте бездомници повеќе од еден месец и вашите деца спијат на подот во гаражата, јасно е дека ситуацијата е надвор од контрола“, рекла таа.
На нејзино изненадување, видеото станало вирално и довело до пресврт што внел трошка надеж во животот на ова семејство.
@malloryellis4 After months of being #houseless we are finally HOME #fyp #housingcrisis #rentalcrisis #florida #homeless #houseless #houselessness #momtok #ourstory ♬ original sound Mallory Ellis
Нов почеток
Мелори потоа објавила видео во кое го снимила моментот кога таа и нејзиниот сопруг ги изненадиле своите синови со нов дом. Помладиот син извикува: „Имаме дом!“, а потоа почнал да плаче од возбуда. Сцената е толку трогателна, што измамила солзи на многумина кои го гледале видеото. Среќната вест го трогнала и постариот, син кој го прегрнува татка си.
„Вредеше сета мака поради овој момент“, заклучила мајката.