Биби често знае да каже „јееј!“, а тоа веројатно ќе биде коментарот на сите дечиња кога ќе го отворат пакетчето од „Светот на Биби“.
„Пакетчињата што ги создадовме за децата содржат едукативни игри, сликовница и боенка со нивните омилени карактери: Биби, Боби, Зази, Зина, малите зазулчиња и многу други! Преку нив децата ќе се забавуваат и ќе учат. Време е да ги замениме класичните пакетчиња со слатки со нешто што ќе трае!“ велат од тимот на „Светот на Биби“ за овогодишното пакетче.
Пакетчињата може да се резервираат онлајн на svetotnabibi.mk, а ќе бидат достапни во продажните места на „Светот на Биби“ од 15 декември.
Ако нешто ни покажа оваа 2020 година, тоа е дека едукацијата е многу важна, но за да учат децата, мора да најдеме начин да им го направиме учењето забавно. Па така, со ова пакетче децата и родителите ќе можат да си играат и да учат заедно.
Во пакетчето од „Светот на Биби“ има две игри за деца, боенка и сликовница! Тие не се достапни во малопродажба, креирани се специјално за празничните пакетчиња. Па, еве со што ќе можат да се занимаваат децата во новата година:

Друштвена игра со Дедо Мразовците од планетата Заз
Друштвената игра е за најмногу 4 учесници, деца или возрасни. Приказната што ги води играчите низ играта е дека вселенските пирати ги заробиле сите Дедо Мразовци од планетата Заз, заедно со оној нашиот од Северниот Пол. Па така, има опасност ниту едно дете во универзумот да не добие подарок за Нова година. Учесниците ќе се тркаат за да ги ослободат Дедо Мразовците и да ја спасат Новата година! Во текот на играта децата ќе се соочат со најразлични предизвици и ќе треба да размислуваат логично и да ги следат правилата за да победат.

Карти со предизвици
Овие карти се најновата игра од „Светот на Биби“, ексклузивно направени за новогодишниот период. Во текот на целата година многу повеќе време поминавме дома, за да креираме новогодишно, разиграно расположение, ги создадовме картите со предизвици од „Светот на Биби“.
Сите карти кријат по еден предизвик! Со нив домот ќе се претвори во простор за играње. И за децата и за возрасните. Ние веќе ги „тестиравме“ картите со предизвици и ви ветуваме првокласна забава и многу смешни ситуации.

Новогодишната боенка на Биби
Боењето ја развива фантазијата кај децата, но и моториката, распознавањето на боите и формите. Па така, покрај тоа што ги обожаваме боенките затоа што се забавни, тие се добри и за развојот на дечињата.
Нашата новогодишна боенка раскажува за лошите пирати што ги украле сите бои од „Светот на Биби“. Па, бараме од децата да ѝ помогнат на Биби заедно да ги обојат страниците и да им ги вратат боите на нејзините пријатели.

Најнова сликовница – со приказна за Дедо Мраз од планетата Заз!
„Дедо Мраз од Заз забрзано патува низ вселената. Тој оди во посета на Биби, Боби, Зази и Зина на новогодишната ноќ, носејќи подароци за сите. Но, кој се крие зад вреќите со подароци? Дали покрај Дедо Мраз од Заз, Биби и Боби ќе имаат и ненајавени гости?“
И оваа сликовница е исполнета со омилените ликови од „Светот на Биби“ и секако – Дедо Мраз од Заз! Таа има и едукативна порака, па интересниот заплет ќе се расплете во поука за Биби, Боби, Зази, Зина и вашите деца.
Доколку ги читавте и другите сказни, веќе знаете дека тие им се интересни на децата, но и на оние што им ги читаат!
Ние со нетрпение чекаме да ги видиме насмевките на нашите деца кога ќе ги отворат пакетчињата. 2021 нека биде година за нови авантури со ликовите од „Светот на Биби“.