Здравје

Со лажните породилни болки телото се подготвува за породување

Лажните породилни болки може да се појавуваат во текот на целата бременост. Познати се како Брекстон-Хиксови контракции и во последните недели од бременоста стануваат посилни и почести. Може да траат една минута или повеќе, и иако се непријатни, слободно може да се движите и да зборувате.

Туширањето со топла вода може да ви помогне да се ослободите од непријатноста, па дури и да ги запрете овие контракции на некое време.

Дали треба да бидам загрижена за раните лажни контракции?

Во последните недели веројатно ќе почувствувате дека матката повеќе се спушта во карлицата и на тој начин се подготвува за породување. Можеби почесто имате потреба да одите во тоалет за да уринирате, што е природен начин на „чистење“ за породување.

Како да разликувате вистински од лажни породилни болки?

Вистинските породилни болки може да ги почувствувате како тапа болка и стегање на матката до неподнослива болка. Секоја жена е различна. Но, кога ќе започне вистинското породување, не треба да се плашите дека нема да го препознаете. Ќе ги препознаете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top