Ако детето одбива да стане навреме за на училиште, одолговлекува да се облече и не ги почитува правилата за чистење на својата соба или гледање телевизија, за тоа постои лек, велат детските психолози.

Тие објаснуваат дека викањето и казнувањето често имаат контраефект и наместо тоа, родителите треба да користат мали трикови.

Победи го часовникот

Без разлика дали се работи за одбивање да се напише домашната задача навреме или да се среди собата, најлесниот начин да го натерате вашето дете да го направи тоа е да ја игра играта „да се победи часовникот“.

Тврдоглавите деца се заинтригирани од предизвиците на оваа игра, па ако им кажете да го надминат својот рекорд и да ви докажат дека можат да ја исчистат својата соба или да ја напишат домашната задача за 15 минути, тоа ќе биде мотивација за нив.

Џокер

Колку и да е тврдоглаво детето, сака да се чувствува корисно во семејството. Ако му покажете дека може многу да ви помогне со своето однесување и дека тоа ќе резултира со заемна награда – на пример, семејно излегување на пица, одење во кино или на излет, полесно ќе сфати дека по исполнувањето на обврските доаѓа слободно време и уживање без притисок.

Користете позитивни зборови наместо критики

Одлично ја поставуваш масата и одлично бришеш прашина. Твоето пишување е одлично и би можел да си најдобар во класот доколку вежбаш – ова се примери на позитивно охрабрување што подобро ќе го мотивираат детето отколку критиката и казнувањето.

Да-прашања

Ако детето тврдоглаво одбива нешто, играјте ја со него стратешката игра „Да“. Поставувајте прашања на кои тоа мора да одговори со „да“ најмалку трипати по ред. Три позитивни одговори по ред ќе го скршат отпорот на детето, а истовремено ќе почувствува дека го слушате и разбирате.

Обратна психологија

Кај децата со силна волја, ниту викањето ниту молењето не е ефективно затоа што тие не сакаат да ги следат упатствата, туку да носат свои одлуки. Во овој случај, само обратна психологија помага.

Наместо да му наредувате на вашето дете преку детални упатства, прашајте го за мислење и дајте му избор помеѓу две опции. Детето ќе го прави токму она што вие го сакате, а ќе мисли дека конечната одлука е негова.

Извор



912

X