Со пригодна приредба во Националната опера и балет, во која учествуваа дечињата од големите групи, градинката „8 Март“ во Општина Кисела Вода во Скопје одбележа 40 години од своето постоење.

Отворена е на 5 ноември 1979 година, а прв објект бил „Пржино“ со 35 вработени и 150 деца. Сега има 7 објекти, 1.200 деца и 1.345 деца се планирани да бидат згрижени во текот на годината.

На јубилејната приредба „Сите спомени на едно место“ учествуваа 310 дечиња. Во костими, децата весело танцуваа и рецитираа на големата сцена.

– Приредбите од ваков карактер поттикнуваат позитивни емоции кај сите нас, особено кај најмалите, кои се највозбудени, најсреќни и учествуваат со многу радост и желба. Приредбите се од особено значење во воспитно-образовниот процес. Со учество во нив кај децата се поттикнуваат самодовербата, комуникацијата, соработливоста, тимската работа. Социјалниот контакт со врсниците е од особено значење. Стануваат свесни за нивната одговорност при самиот настап и се трудат да бидат максимално исполнителни, а сето тоа го прават со многу емоции – вели директорката, м-р Павлинка Топузоска.

Павлинка Топузоска

Фото: Градинка „8 Март“



912

X