Апликацијата за читање книги „Бокси“ станува неразделив дел од секојдневието на децата. Голема предност е што каде и да одат, книгите се верен придружник во детските авантури. На одмор, планина, езеро, во парк, кај баба и дедо на гости, додека чекаат ред на заболекар, додека го чекаат другарчето пред зграда за играње или за возење ролери… Бокси го следи секој детски чекор

Првата детска апликација за читање и слушање книги „Бокси“ (Boksy) веќе е дел од животот на децата. Бројот на претплатени корисници расте, а книгите стануваат неразделив дел од секојдневието на децата. Голема предност е што каде и да одат, книгите се верен придружник во детските авантури. На одмор, планина, езеро, во парк, кај баба и дедо на гости, додека чекаат ред на заболекар, додека го чекаш другарчето пред зграда за играње или за возење ролери… Бокси го следи секој детски чекор.

Апликацијата е вооружена со над 200 наслови и бројот континуирано ќе расте. Светот на Биби, Мимбо Џимбо, Фармерот Борис, Ежето Снеже, Јазовецот Итре, Хити, Лина и Мина, Вонземјанинот Лу-Ру-Су, Сплесканиот зајак, Кралот Арктик, Кралицата и Чудовиштето, Стела и Сани и уште стотици забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни и поучни четива можат да се прелистаат на „Бокси“.

Мобилната апликација е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Таа е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците може да се претплатат и за 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и многубројните игри.

Во прилог што изјавија децата за најновата „child-friendly“ апликација:

– Ми се допаѓа што конечно Биби и Боби си ги читам секаде. И во парк и на Водно. Ги читам и кај баба и дедо. Кај нив никогаш немаше сликовници. Сега сите сликовници на светот ми се в џеб. Читам онлајн… не знам што значи тоа, мама и тато така викаат. И никој не ми кажува „Остави го телефонот, Тедии!“ Мама ѝ кажува на тета дека сега поминувам корисно време пред телефон секој ден – Теодора, 8 години.

– Сега не ги терам тато и мама да ме носат во книжарница, ги имам сите книги што ги сакам, кога и да посакам. Пред да заспијам, си пуштам аудиокнига на англиски. Баш ми е интересно. Досега никогаш не сум слушала аудиокнига. И многу ми е забавно што можам да му купувам на моето аватарче различни очила, миленичиња, играчки и што уште не! – Михаела, 8 години.

– Јас сум прво одделение и книгите што ги има на „Бокси“ ми помагаат да научам да читам. Со мама читаме секоја вечер пред да заспијам. Вчера ја научив буквата В! И зборот водопад! Многу ми е убаво! Се чувствувам како да ги имам сите книги на светов. Секој ден му купувам интересни работи на моето аватарче. Вчера му купив кученце. Се вика Барт, исто како моето кученце! – Амелија, 6 години.

– Многу сум среќна што можам да ја користам апликацијата „Бокси“. Најмногу ми се допаѓа тоа што со „Бокси“ имам слобода во изборот, без некој ред и правила да си изберам која книга сакам да ја читам од големата колекција. Ако не ми се допаѓа, прекинувам и си одбирам друга. Си одбирам книги според категорија и точно знам која книга ќе ми се допадне. Натпреварувањето со моите другарки и братучетки кој прочитал повеќе прави читањето да биде уште позабавно – Адријана, 8 години.

– Најмногу ми се допаѓа тоа што не треба да одам до книжарница за секоја нова книга и не треба да ја дочитам едната за мама да ми купи друга. Можам да ги оставам на пола и да ги дочитам друг ден – Евгенија, 9 години.

– „Бокси“ е најдобрата апликација моментално на мојот телефон. Секогаш кога ми е досадно, на пример, вчера морав да одам на шопинг со мајка ми, и додека чекав, си прелистував бајки, си играв игри… Сега секаде одам со полна батерија за да имам повеќе време за читање и играње – Бојан, 10 години.

Апликацијата е наменета за дечиња од 3 до 16 години. „Бокси“ претставува иновативен модел на креативен спој помеѓу учењето и забавата, веќе успешно применет на нордискиот пазар. Апликацијата содржи книги на македонски, англиски и на албански јазик. Покрај книгите, во апликацијата ќе има едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување со другарчиња.

(Комерцијална објава)



912

X