Забавниот парк „Волт Дизни“ на Флорида е магичен сам по себе. Но, судејќи по сè, неговите вработени го прават уште помагично место. Имено, на интернет се проширила приказната на воодушевената мајка Лорен Бергнер, која овој семеен излет ќе го памети засекогаш. Исто и нејзиниот шестгодишен син Броди, кој има аутизам и не зборува, а понекогаш испушта и неартикулирани звуци.

За одењето во „Дизни ворлд“ момчето  мечтаело со месеци. Но, сѐ тргнало во погрешна насока кога Броди, по долгото чекање во ред за да ја запознае Снежана, се изморил и доживеал напад. Неговата мајка не ни можела да сонува дека во таа, ни малку пријатна ситуација, ќе успее да се снајде девојката вработена како аниматорка, скриена зад костимот на Снежана.

„Плачеше, а Снежана беше прекрасна. Го бакнуваше и го прегрнуваше. Тој лежеше на нејзиниот скут и плачеше. Потоа го одведе во прошетка и го одвои од луѓето. Беше неверојатна. Го држеше за рака, танцуваше со него и седеа заедно на клупа. Беше вистински ангел. Беше магична и моето семејство ќе ѝ биде секогаш благодарно“, напишала во својата емотивна објава оваа воодушевена мајка, па споделила и неколку фотографии од синот со Снежана.

фото извор: Facebook

Лорен истакнала дека би сакала лично да ѝ се заблагодари на девојката која така се однесувала кон нејзиниот син, но не успеала да дојде до нејзиниот контакт, па ги замолила корисниците на „Фејсбук“ да ѝ помогнат во тоа. Објавата стигнала и до личноста која го снимила нивниот танц.

Објавата на Лорен е споделена повеќе од 103 илјади пати, а има и околу 31 илјада коментари, па е само прашање на време кога ќе дојде и до девојката која со своето однесување ја враќа вербата во луѓето, но и во магијата.

 



912

X