На Земјата живеат повеќе од 7,7 милијарди луѓе, а секој човек е посебен на свој начин. Но, постојат и деца што се разликуваат од своите врсници, кои едноставно се родени различни, што не ја намалува нивната вредност, ниту убавина.

Наријана е една од нив. Со семејството живее во малото село Јакутија, во Сибир, а е родена како албино. Природата го обдарила девојчето со порцеланско бела кожа, бела коса, бели трепки и веѓи и сини очи кои преминуваат во виолетов тон.

Наријана е единствена во семејството родена како албино, родителите, сестрата и помладиот брат се темнокоси и темнооки. Ова преслатко девојче нема поголеми тешкотии со здравјето, весело е и разиграно, а единствен проблем е што на дневна светлина мора да се крие зад очила за сонце, бидејќи очите ѝ се премногу чувствителни на светлина.

Наријана имала само 8 години кога случајно ја снимил локалниот фотограф Вадим Руфов и со дозвола од нејзиното семејство ги објавил фотографиите на социјалните мрежи. Малечката веднаш станала вирален хит, а во интернет-светот ја нарекуваат Снежана или Елса.

На нејзината мајка секојдневно и пристигнувале понуди од најпознатите модни куќи бидејќи девојчето е препознаено како извонредно фотогенично дете. Денес Наријана има 13 години, а нејзината мајка Елена води инстаграм-профил и објавува нејзини фотографии, но уште ја чува од светот на модата бидејќи смета дека „малечката Елса“ треба да си го проживее детството без слава и публицитет.

Кога ќе порасне, Наријана сака да стане модел, а нејзината мајка вели: „Иако сме добиле понуди од бројни модни агенции, сите сме ги одбиле бидејќи сакаме да има детство.

Таа сака да стане модел, но ќе мора да почека додека не порасне. Многу сака да игра и да црта, и е многу горда затоа што е различна.

Автор: Есра Гуркан

Извор



912

X