Игротека

Татко прави сендвичи за децата и ги учи на важна животна лекција

Колку и да не сте вешти во кујната, правењето сендвичи не би требало да ви биде проблем. Две парчиња леб и помеѓу нив што ќе посакате. Уште ако имате и рецепт, што може да тргне наопаку? Всушност, многу работи.

Видеото што стана вирално на социјалните мрежи прикажува татко кој подготвува сендвичи за децата, но според нивните рецепти, буквално извршувајќи го секој опишан чекор.

фото: „Фејсбук“

Колку тешка била задачата, покажува тоа што и братот и сестрата морале неколку пати да го менуваат рецептот за да биде што појасен. Момчето повеќе пати било на раб да заплаче. Сепак, тоа што ги научи во текот на процесот е навистина непроценливо. Во продолжение погледнете како течел овој, несомнено, макотрпен процес. Ви гарантираме многу смеа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top