Кога Колин Чулис го споделила смешното видео од нејзината ќерка која ја имитира, на нејзиниот линкдин-профил, никогаш не помислила дека видеото ќе добие такви реакции. По 3 месеци, снимката е вирална со над 5 милиони допаѓања и 15 милиони прегледи на „Линкдин“. Осумгодишната Адел од Вирџинија, САД, ја имитира својата мајка додека работи од дома за време на пандемијата.

Во видеото девојчето седи на бирото од мајка си и се преправа дека работи на нејзиниот компјутер. Потоа се преправа дека добива повик и запишува во тетратка важни инструкции, како што ја гледала мајка си дека го прави истото. Адел совршено покажува во видеото како нејзината мајка се однесува кога нејзините деца одеднаш влегуваат во собата. Таа се обидува да ги замолчи преку шепотење.

„Мојата 8-годишна ќерка ме праша синоќа дали може да направи имитација на мене. Не бев сигурна што да очекувам. Ова беше првото и единствено снимање. Помислив дека многумина може да се поврзат (и смеат) со тоа и мултитаскингот на родителите. Ковид-19 промени многу работи за сите нас, а ова беше главно мојата реалност“, напишала таа во описот на видеото.

Според биографијата на нејзиниот профил на „Линкдин“, Колин Чулис работи како регионален заменик-претседател за продажба.

Автор: Тиаса Бовал

Извор



912

X