Дали постои нешто поубаво од прекрасен сончев ден кога родителите одат со децата во парк? Децата се далеку од екраните и домот и ја трошат енергијата играјќи. Каква радост. Каква невиност.

Но, кога сте мајка со деца во паркот, реалноста е малку поинаква.

Не сфаќајте погрешно. Однесувањето на децата во паркот е одлично на многу, многу начини. Децата сакаат да си играат, имаат место да трчаат, да се качуваат и да се лизгаат. Но, паркот е подмолно место. Мислите дека можете да се опуштите и да уживате додека децата играат, но не. Едноставно не е така.

Родителството во паркот е сосема поинакво ниво на родителство. Ако имате понемирни деца, не можете да го тргнете погледот од нив ни секунда, за да не залутаат некаде или да заминат со друго семејство чии грицки се повкусни од вашите. Со малку постарите, немате ни секунда да дишете, па постојано слушате: „Мамо, погледни го ова! Види го ова! Гледај како го правам ова!“

Сакајќи да покаже низ што минува кога ги носи децата во парк, Тифани Џенкинс одлучи да сними видео покажувајќи ја реакцијата на родителите додека се во парк. Видеото има повеќе од 7 милиони прегледи, а во продолжение видете зошто.

Извор



912

X