Игротека

Смешни прашања и одговори на родители во најава

Кога сте на прагот да станете родители (особено по првпат), имате повеќе прашања да му поставите на лекарот отколку што сте мислеле…
Од таа причина, Brajt sajd на едно место ги зачува најинтересните прашања со неочекувани одговори за идните родители (особено тие што се на пат првпат да го искусат тоа) да се изнасмеат од срце и храбро да продолжат кон новата животна улога.

Дали да родам по 35?
„Не, триесет и пет деца е доволно“.

Сега сум во вториот месец од бременоста. Кога моето бебе ќе почне да мрда?
„Ако имате среќа, штом заврши средно училиште“.

Кој е најсигурниот начин да го дознаеме полот на бебето?
„Породувањето“.

Мојата сопруга е во петтиот месец од бременоста и понекогаш многу ѝ се менува расположението, не е баш рационална…
„Како гласи вашето прашање, господине?“

Ми имаат кажано дека нема да чувствувам болка во текот на породувањето, туку притисок. Дали е тоа точно?
„Да, исто колку што е точно дека торнадото е струење на воздухот“.

Кога е најдобро да се прими епидурална?
„Штом дознаете дека сте бремена“.

Дали постои некоја посебна причина зошто треба да бидам покрај сопругата во текот на породувањето?
„Не постои. Особено ако не го знаете значењето на зборот ’алиментација‘“.

Дали постои нешто што треба да го избегнувам во периодот на закрепнувањето од породувањето?
„Да, забременување“.

Мојата сопруга се породи минатата недела. Кога ќе почне да се чувствува и да се однесува нормално?
„Кога малото ќе отиде на факултет“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top