Бидејќи пандемијата на Ковид-19 не стивнува, а голем број семејства се во карантин, има само една работа што сите можат да ја прават од дома: да објавуваат смешни работи на социјалните медиуми.

Оваа хаотична година подразбираше нарушување на рутините и дополнителни проблеми за родителите. Но, и покрај нивните фрустрации, сфаќаме дека сите сме во слична ситуација, заглавени дома со малите деца. Прочитајте ги маките на родителите кои објавуваат смешни постови на социјалните мрежи:

„Мојата сопруга веќе пушти божиќна музика, но јас ја престигнав и веќе си накачив божиќни килограми“ – Шепнувачот на мачки.

„Јас: Добра ноќ, злато.

6-годишник: Зошто пајаците имаат 8 нозе, наместо 4 пара нозе и 4 пара раце?

Јас: Зошто така. Те сакам.

6-годишник: Но ги користат нозете како раце кога ги прават мрежите.

Јас: Претпоставувам.

6-годишник: Значи одат на раце.

Јас: Те сакам, добра ноќ!

6-годишник: Ти мразиш учење.

Им реков на децата да ја исчистат игротеката. Откако поминаа таму многу часови, ми го доставија ова („Не можеме да чистиме“).

Јас кога моето дете всушност ќе го изеде она што сум го зготвила.

(Времето за попладневна дремка на детето е 14 часот.

Јас: Па, 13 и 15 е, што е блиску до 13 и 30, што значи практично е 14 часот, што значи време е за попладневна дремка.

Како мислам дека изгледам како мајка/Како навистина изгледам

Автор: Тери Петерс

Извор



912

X