Мама и тато. Моите две омилени лица!

Ве сакам, ве сакам, ве сакам, со целото мое срце. И додека не можам тоа да ви го кажам, можам да ви го покажам.

Ова се шесте специјални начини на кои кажувам дека ве сакам.

1. Ви ја давам мојата плунка

Кога го правам тоа, јас сум всушност љубезен/а. Уживам во тоа толку многу што сакам да уживате и вие. Но, само вие, бидејќи ве сакам. Истото го правам кога ви го давам и моето разлигавено лижавче.

2. Повраќам на вас

Кога се притискам до вас кога ми е мачно, знаете што следува. Оптимистично носите некаков сад во близина со надеж дека ќе стигнете навреме да ми го донесете, но вие сте моето безбедно место. Така тоа го правам на вашето рамо или стомак, бидејќи се чувствувам блиску до вас.

3. Барам да правите нешто за мене

Некогаш сакам, мамо, ти да ме пресоблечеш, да ме ставиш во седиштето во автомобилот или да ме заспиеш. А некогаш, тато, сакам ти да го правиш сето тоа. Кога преферирам еден од вас некогаш, тоа е затоа што на еден од вас му дошол редот да биде мој личен слуга. Сакам да покажам дека ми требате и ве сакам исто.

4. Ве третирам како замок за скокање

Учам како да покажам љубов. Иако бакнежите и прегратките се прекрасни, сакам малку и да скокам по вас кога најмалку го очекувате тоа и ненамерно да ве повредам. Тоа е мојот јазик.

5. Ви ги давам моите мрсули

Кога ќе ги извадам мрсулите од носот, не сакам да ги фрлам. Тие се дел од мене и сакам да ви ги дадам. Сигурен сум дека ќе ги задржите.

6. Спијам на вас

Сакам да мислам дека сме едно тело. Кога заспивам над вас на каучот, за вие да не можете да се придвижите, тоа е затоа што ми се допаѓа чувството да сум дел од вас. Исто така, кога ве барам во текот на ноќта и доаѓам во вашиот кревет, тоа е затоа што сакам да ве почувствувам и да уживам во нашата поврзаност. Но, исто така, ова значи дека сакам да дишам во вас, да ве удирам со нозете, да се вртам и да ве попречувам во сонот, додека јас уживам во мојот.

Љубов, сето тоа е љубов!

Автор: Лана Халовис



912

X