Да се има замислен пријател е сосема нормален дел од детството. Тоа покажува дека имагинацијата на детето се развива и понекогаш може да биде пресмешно кога детето е во интеракција со своите невидливи пријатели. Често „пријателите“ се тие што се обвинети за неволјите во кои запаѓаат децата, или пак со нив се забавуваат и ги споделуваат секојдневните активности. Сепак, кога изгледа дека се вклучени паранормални сили, станува малку страшно и родителите ваквите искуства ги споделиле на социјалната мрежа „Твитер“.

На крајот од денот, децата и нивните замислени пријатели се смешни и на оваа тема може да се каже дека се објавуваат најсмешните твитови. А еве и неколку од нив:

– Имагинарниот пријател на мојот син се викаше Џон. Мојот брат Џон почина 2 години пред да се роди мојот син. Имав фотографии од Џон и еднаш му реков на син ми: „Тој ќе те сакаше“, а моето дете ми рече: „Ох, ме сака и ти му недостигаш“. Плачев во гардероберот – „Возбудена Американка“.

– Мојот речиси 5-годишен син играше со својот имагинарен пријател. Кога го прашав за тоа, тој ми рече: „Не, јас сум имагинарниот пријател“. И сега имам идеја за мојата следна книга – Џерод Росело.

– Ја слушнав мојата 4-годишна ќерка како се расправа сама со себе. Таа нема имагинарни пријатели. Има имагинарни непријатели – Џејмс Брејквел (Експлодирачки еднорог)

– Мојот син (кога имаше 4 години) имаше замислен пријател по име Сидни. Се сеќавам на еден прекрасен разговор:
-Мамо, може ли да ми подадеш ќебенце? На Сидни му е секогаш ладно.
-Се разбира. Зошто мислиш дека му е ладно?
-Мртов е.
Никогаш повеќе не заспав – Клер (Форс 1).

– Додека го сместував син ми в кревет тој ми раскажа дека живеел живот пред многу години и неговото име било Џералд и имал брат Кол кој исто така бил и негов бизнис-партнер и загинале заедно во сообраќајна несреќа, па ве молам придружете ми се во неспиењето воопшто цела ноќ – Валери.

– Мојата ќерка имаше замислен пријател/непријател по име Бубаха, што не е баш вообичаено име. Еден ден бев во јавно веце (без мојата ќерка), кога друго малечко девојче ѝ рече на мајка си дека нема да влезе сè додека Бубаха не си замине – Дина Смит.

– Би сакал мојот 5-годишник да ми кажеше пред да ги покани сите негови пријатели на роденденската забава од неговиот замислен пријател викендов – Брајан Хоуп.

– Мојата ќерка моментално ѝ покажува на мојата баба, нејзина прабаба, тура низ новата куќа на моите родители. Мојата баба почина во 1993 година – „Ти Ц.Н.О.А.Т.“

– Изгледа навистина неправедно што толку многу луѓе што имаат над 65 години сè уште не добиле вакцина, но замислениот пријател на мојот син по име Банана – бил вакциниран 19 пати – Акива Винеркур.

– Мојата 2-годишна ќерка мавна со раката во празна соба и рече: – Чао чао. Подобро е да има замислен пријател бидејќи НЕ ПЛАЌАМ за друг егзорцизам – Џејмс Брејквел (Експлодирачки еднорог)

– Само што дознав дека детето кое мислев дека е замислен пријател на мојата ќерка всушност било реално. Упс. – Нјима Фанк.

– Денес ќерка ми кажа дека една од нејзините најдобри пријателки е мртво девојче по име Хали кое се дружи со неа во градинка и ја удира кога таа ќе каже некој лош збор како – глупава – Бет Њувел.

– Мојот син имаше имагинарен пријател Фади. Кога го сместував во кревет една вечер, рече дека Фади е тука, па јас го прашав каде е, а тој покажа кон шаторот за играње зад мене, а во шаторот имаше чудна сенка. Го мразев Фади -ЕДџипси.

Автор: Лукас Гарнелис/ Ирманте Сунгаилаите

Извор



912

X