Тоа се работи што не би му паднале на памет на возрасен човек, работи кои не се хигиенски и за кои не се зборува на маса. Се разбира дека секој родител има понекоја анегдота, а ние ви ги претставуваме десетте „најужасни“.
Можеби ќе ве изненади, но децата…

1. Со ужината прават работи што немаат врска со храната

Внимателно сте ја подготвиле ужината за да има вкус и текстура според потребите на едно претшколско дете, но дали сте знаеле дека таа може да биде и прекрасен тапет на ѕидот? Не можете да најдете лепило? Ужината секогаш може да биде супер алтернатива.

2. Какаат во јавен базен

Да, тоа е врвно бламирање. Иако сте го ставиле на нокшир пред да отидете на базен, тоа сепак одлучило дека е подобро да се искака во костимот за пливање отколку да оди во тоалетот, кој е оддалечен неколку метри. Ако имате „среќа“, втора опција е да видите како „нешто“ плови во водата. Тогаш единствено можете да го завиткате во хартија и да го однесете во тоалетот, а нервозата да ја одложите за подоцна, откако дискретно ќе го предупредите персоналот.

4. Чепкаат по подот од автомобилот во потрага по стара храна – за да ја изедат!

Ја отворате вратата од автомобилот и гледате дека вашето дете среќно мласка. Кога ќе ја отвори устата, гледате дека тоа се остатоци од минатогодишното велигденско зајче.

5. Прават неспојливи комбинации со храната

Наречете го ова готварска љубопитност. Или можеби станува збор за обид за самоубиство. А можеби само сакаат да видат што ќе се случи кога говедското месо што сте го ставиле на масата ќе го измешаат со една голтка млеко и почнуваат да се дават! Зарем никогаш не сте имале силна потреба да откриете колку се чудни јаболката прелиени со кечап?

6. Користат сè освен салфета за бришење

Ракавите, мебелот, па дури и храната. Сето тоа е игра! Како и пештерскиот човек, малите деца побрзо ќе се избришат со нешто што мора да го носат цел ден отколку да употребат салфета.

7. Цела недела се шетаат и уживаат во истите гаќички

Некако полесно им е да ги облечат старите гаќички по туширањето отколку да земат чисти. Истата ситуација е и со чистата облека. Кога ќе тргнете да ја вклучите машината за перење и во неа ќе ставате седум пара ваши фармерки и само едни детски гаќички, тогаш сфаќате што се случило.

8. Ја држат храната во својата уста подолго од хибернацијата на мечките

Изгледа дека има смисла непрекинато да се џвака истото парче месо што не го сакате и да го складирате меѓу образите отколку само да го голтнете и да завршите со тоа. Додека вашето дете заврши со мисиркиното месо, тоа веќе се претворило во пире.



912

X