Повеќето деца се чувствуваат пријатно покрај модерната технологија, за разлика од нивните родители. Мајка која го проверила беби-мониторот на својот син била воодушевена кога видела дека тој се обратил на виртуелниот асистент Алекса за помош откако се разбудил во текот на ноќта.

Камерата во неговата соба снимила одличен разговор помеѓу детето и Алекса, а мајката го поставила видеото на „Тик-тк“, каде што сега има над 3,6 милиони прегледи.

Мајката објаснила дека го ставила телефонот во собата на синот за Алекса да пушта приспивни песни, но една ноќ синот се разбудил и прашал: „Алекса, ми треба тато“. Виртуелниот асистент на Амазон одговара со: „Што треба да додадам?“, а детето вели – „тато“, па на тоа Алекса смешно одговара со: „Го додадов тато во вашата шопинг-листа, дали е потребно нешто друго?“ Момчето изгледа разочарано, па вели: „Хм… не“.

На корисниците им се допаднало видеото, па коментирале: „Леле, тоа – не – на крајот, благословено да е ова мало дете. Се надевам неговиот татко многу брзо пристигнал!“

„Мора да додадете опција за да се врти на телефонот од таткото кога некој ќе го побара ова“.

@alyfemia

Alexa, I need daddy

♬ original sound – Aly Femia

Автор: Лук Метјуз

Извор



912

X