Летните месеци се пред нас, горештините веќе почнаа, па повторно се поставува прашањето дали можеме да го оставиме детето само во автомобил барем една минута. Родителите обично го прават тоа кога плаќаат гориво на бензинските станици или кога накратко одат во продавница да купат нешто. Мајките се поделени во мислењата – некои мислат дека е во ред да го оставите детето во автомобил паркиран под сенка на многу кратко за да платите бензин, но други се категорично против тоа.

Експертите апелираат никогаш да не го оставате детето без надзор во автомобил бидејќи температурата во него може да се загрее до навистина опасни нивоа, дури и во студените денови. Имено, за само 5 минути температурата во автомобилот може да се дуплира. Исто така, постои опасност детето да го заклучи автомобилот однатре, па да не можете да дојдете до него.

Зошто е опасно да оставите само дете во автомобил?

-Топлотен удар, дехидрација, задушување и смрт се главните ризици од оставање на децата во автомобил.

Што да направите ако вашето дете или туѓо дете е извесно време само во автомобилот, особено кога надвор се високи температурите?

-ако вашето малечко е случајно заклучено или ако видите туѓо дете без надзор во автомобилот, можете да повикате помош на пат или полиција;

-ако детето изгледа прегреано, вознемирено или се чини дека долго време е заклучено во автомобилот, јавете се во итна помош;

-додека не пристигне брзата помош, во случај на дехидрација, дајте му на детето течности;

-ако детето се прегреело, отстранете ги дополнителните слоеви облека од него, изладете го со марамче натопено во вода, доколку имате во близина;

-ако детето е во несвест и не дише нормално, веднаш започнете со процедурата за реанимација.

Како да се спречат ваквите ситуации?

-никогаш не оставајте дете без надзор во автомобил, дури и за една минута;
-никогаш не дозволувајте детето да си игра со вашите клучеви;
-секогаш држете го автомобилот заклучен кога не сте во него за вашето малечко да не влезе само во него;
-разговарајте со вашето дете и кажете му дека не смее да си игра со копчињата во автомобилот;
-ако не можете да го најдете детето, секогаш проверувајте да не се сокрило во автомобилот.

Извор



912

X