„Забременив со потпомогнато оплодување и моментално сум бремена. Наскоро планирам патување од три часа со автомобил и уште два часа со брод. Дали е препорачливо во раната бременост или сепак треба да го одложам патувањето?“

Не постојат медицински докази кои би препорачале ограничувања на движењето или патувањето во оваа фаза од бременоста. Бременостите по процедурите за медицинско оплодување се специфични затоа што вообичаено се тешко остварливи и долгоочекувани, а има и низа индивидуални причини зошто таа процедура требало да се направи и поради кои е нормално идните родители да се грижат дали бременоста ќе има уреден тек. Според истражувањата, нема причина за посебен одмор и не мора да го одложувате планираното патување бидејќи не верувам дека тоа ќе влијае врз текот на бременоста.

Некои општи препораки се пократок одмор веднаш по трансферот на ембрионот и поумерена физичка активност во таа рана фаза. Кога ќе се воспостави бременост, во првото тримесечје, како и кај општата популација, фреквенцијата на спонтани абортуси е поголема, затоа дефинитивно советуваме малку поголема претпазливост, особено кај бременостите по процедурата за медицинско оплодување, особено ако веќе сте имале спонтани абортуси во минатото. Добро би било да избегнувате тешки физички активности и прекумерно вежбање, капење во кади или базени и многу долги патувања или долги летови со авион. Доколку се утврди дека бременоста напредува непречено, нема потреба од ограничување на физичките активности.

Во секој случај, најдобриот совет е да продолжите да живеете нормално, но бидете внимателни и слушајте го вашето тело, кое ќе ве извести кога треба да забавите. Постои исклучително мала шанса која било активност или процедура што ја правите да влијае врз бременоста во оваа многу рана фаза, но обидете се да не правите ништо што подоцна би можеле да го потенцирате како причина за неуспехот на бременоста.

Автор: Петра Подобник Брлечиќ/ гинеколог

Извор



912

X