Со љубов од тимот на „Светот на Биби“ за сите деца подготвивме два новогодишни подароци!
Првиот е Новогодишната зазулска песничка, која децата ќе ја обожаваат.
А вториот, новогодишна 25-минутна програма со ликовите од „Светот на Биби“. Двете содржини ќе бидат бесплатно достапни за оние што ќе се регистрираат на нашата едукативна платформа.

Регистрацијата на платформата, како и песничката и новогодишната емисија, ќе биде бесплатна за сите деца! А во иднина, на оваа платформа ќе имате можност да најдете и други едукативни и премиерни содржини и многу изненадувања.

Како да се регистрирате?

Многу едноставно!

  1. Одите на https://edukacija.svetotnabibi.mk/
  2. Се регистрирате!

Во соодветните полиња пишувате:
Име и презиме
Вашата е-адреса
Контакт-телефон
Лозинка и потврда на лозинката
Штиклирајте „I am not a Robot“ и селектирајте фотографии според барањето
Штиклирајте дека се согласувате со Условите за користење и Политиката за приватност
*Сите ваши податоци ќе бидат заштитени и ќе бидат користени само за она за што се наменети.

  1. И добре дојдовте! Кликнете на видеото и уживајте во новогодишната песничка на зазулски.

Оваа година ја правиме поубава и со цел серијал на производи „Со љубов од Светот на Биби“, во кој покрај песничката, новогодишната емисија и платформата, влегуваат и новогодишните пакетчиња и честитките. Сите информации може да ги најдете на https://svetotnabibi.mk/.



912

X