Оваа слика, насликана од шпанскиот сликар Хуан Луцена, под наслов „Што ќе правиме без нив“ е во чест на сите баби и дедовци што починаа од ковид-19 без можност да се збогуваат со најблиските.

– Железната генерација умира за да ѝ се овозможи пат на кристалната генерација. Оваа генерација ги школуваше своите деца без училиште. Оваа генерација која, и покрај недостигот на сè, никогаш не дозволи да недостигаат најважните работи дома. Генерацијата која учеше за вредностите почнувајќи со љубов и почит. Умираат луѓе кои ги научија мажите за вредноста на жените, а жените за почитта кон мажите. Умираат оние што можеа да живеат со малку луксуз, без да бидат фрустрирани од тоа. Оние што работеа од рана возраст и ја научија вредноста на нештата, а не цената. Умираат оние што поминаа илјада тешкотии и без да се откажат нè научија како да живееме достоинствено. По живот полн со пожртвуваност и мака, заминуваат со збрчкани раце и кренати глави. Умира генерацијата што нè научи да живееме без страв – пишува под сликата.

Извор



912

X