Игротека

Слика на која е забележан еден од најневеројатните моменти во медицината

На оваа слика е забележан еден од најневеројатните моменти во медицината. Имено, во 1922 година на Универзитетот во Торонто научниците отишле во болничко одделение со деца што биле во кома и умирале од дијабетичка кето-ацидоза. Замислете соба со родители кои седат покрај креветот и ја чекаат неизбежната смрт на своето дете.

Научниците оделе од кревет до кревет и им вбризгувале на децата нов пречистен екстракт – инсулин. Кога на последното дете му вбризгале инсулин, првото дете што го добило инсулинот се разбудило од кома. Едно по едно, сите деца се разбудиле од дијабетичка кома. Собата на смрт и мрак станала место на радост и надеж.

фотоизвор: „Radioaktivni komarac“/Facebook

Благодарение на докторите Бантинга и Беста, кои поради своето откритие на инсулинот следната година добиле Нобелова награда во областа на физиологијата и медицината. Пред да почне да спасува животи со инсулин, Бантинг бил лекар за време на Првата светска војна во Канадската војска. Во битката кај Камбреја, и покрај повредите што ги добил, успеал да им помогне и на другите војници во времетраење од 16 часа, додека друг лекар не го спречил. Бил награден за херојство во 1919 година.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top