Голем дел од познатите ѕвезди годинава добија принова. Најмалиот принц Луис на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, бебето на Криси Тејген и Џон Леџенд се само дел од славните бебиња што се родија оваа година. Еве кои други познати личности станаа родители.

Ева Лонгорија

Лонгорија и нејзиниот сопруг Хозе Антонио Бастон го добија своето прво бебе во јуни. Бебето се вика Сантјаго Енрике, а јавноста беше запознаена со веста откако родителите споделија заедничка слика со зборовите: „Ние сме многу благодарни за најубавиот благослов“.

Кендис Сванепоел

Моделот на „Викторија сикрет“ во јуни роди машко бебе. Фановите ја дознаа веста за бебето на Кендис и свршеникот Херман Николи преку нејзиниот инстаграм-профил откако таа го фотографира бебето и напиша „Блажен“. Бебето го има постариот брат Анаса, кој е роден во 2016 година.

Криси Тејген и Џон Леџенд

Луна, ќерката на Тејген и Џон Леџенд, сега има помал брат. Тејген и Леџенд му кажаа добре дојде на своето второ бебе, момче, кое се роди на 16 мај. Убавата вест Тејген веднаш ја сподели на „Твитер“.

Миранда Кер и Еван Шпигел

Миранда и Еван се венчаа минатата година, а го добија своето прво бебе годинава, на 7 мај. На момчето му го дадоа името Харт. За Шпигел ова е првото бебе, додека Кер има седумгодишно дете со бившиот сопруг Орландо Блум.

Кристин Дејвис

Ѕвездата од „Сексот и градот“ посвои момче. Ова е второ дете што таа го има посвоено. Дејвис првпат стана мајка во 2011 година кога ја посвои Гема Роус. Таа сега има седум години.

Џејми Лин Спирс и Џејми Вотсон

Спирс се породи со второто бебе на 11 април. На ќерката ѝ го даде името Ајви Џоан, а причината за ова е многу емотивна. Таа вели дека средното име Сандра ѝ го дала во чест на нејзината тетка Сандра, која починала пред десет години од рак. Според Спирс, Сандра била најдобрата личност што некогаш ја запознала.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

На 23 април кралското семејство доби трето дете. Момчето го доби името Луис. Принцот е петти по ред на тронот, веднаш по четиригодишниот Џорџ и двегодишната принцеза Шарлот.



912

X