Здравје

Славни мајки ги откриваат своите тајни за губење на килограмите по породувањето

Да се добијат дополнителни килограми во бременоста, не е некој проблем. Во текот на бременоста малку се опуштаме, јадеме за двајца, помалку се движиме и ете, килограмите се тука. Многу жени со години по породувањето се мачат со вишокот килограми, а некои тој вишок едноставно го прифаќаат и задоволни се со себе. Зошто да не? На крајот на краиштата, најважно е како самите ние се гледаме. Но, некои жени едноставно не се навикнати на вишок килограми и не се чувствуваат добро во својата кожа, па важно им е да се вратат во форма. Следуваат тајните за губење килограми на некои славни мајки. Дел од нив применувале строги диети и напорно вежбање, а некои биле прилично опуштени и се одлучиле за побавно губење на килограмите.

Риси Витерспун: Танцував со своите деца

Навистина има причини да се верува дека годините кај актерката Риси Витерспун се движат наназад. Таа е мајка на 3 деца и по секоја бременост многу брзо се враќа во форма. Но, Риси признава дека по третата бременост не ѝ било лесно да ги изгуби килограмите. Морала да примени комбинација од здрава исхрана, јога, планинарење и танцување. „Многу танцував со моите деца, од рано утро подготвував плејлиста за танцување. Мора да бидете нежни кон себе и многу трпеливи. Губете ги килограмите полека и на здрав начин“, советувала актерката.

Џенифер Лопез: Комбинирајте различни телесни активности

Џенифер Лопез е една од најфит дамите во шоу-бизнисот. Вишокот килограми по бременоста ги отфрлила по само неколку месеци, а почнала со лесни прошетки во комбинација со вежбање, а потоа на вежбањето додала и 6 километри трчање, 800 метри пливање и 28 километри велосипедизам. „Важно е да правите различни телесни активности. И тамам кога телото ќе ви се приспособи, ќе почнете да гледате резултати!“


Хали Бери: Супа од многу зеленчук

Хали во текот на бременоста со ќерката Нахла добила 15 килограми, но одлучила да ја врати својата вита фигура. Актерката се одлучила за методот на јадење помали оброци на неколку часа, избегнувајќи пржена храна и слатки. Всушност, нејзините најдраги оброци биле домашни со подготвување супа или риба со зелено овошје (листови), како што се спанаќ или блитва и кафеав ориз. „Мојата супа не е само супа – внатре има зеленчук и мешунки, па така тоа е оброк кој заситува“, признала Хали Бери.

Алесандра Амбросио: Малите порции се клучот

Моделот на „Викторија сикрет“, Алесандра, користела класичен облик на прехрана за да изгуби дури 20 килограми за 3 месеци. Јадела мали порции, кафеав ориз наместо бел, многу салата, а целосно ги исклучила слатките.

Мараја Кери: Само без изгладнување

Откако родила, Мараја изгубила барем 31 килограм и тоа 18 веднаш откако родила близнаци, а тоа било плодовата вода и тежината на децата. Останатите килограми Мараја одлучила да ги изгуби на здрав начин, 1 килограм неделно, односно 4,5 килограми месечно. „Вишокот килограми може да се изгуби без изгладнување и со вежбање 4 часа дневно“, рекла пејачката.

Бијонсе: Мајки, само дојте ги своите деца

Мајката на 3 деца, Бијонсе, изгледа супер. Таа е една од оние славни личности што не се оптоваруваат со вишокот килограми по бременоста, туку ги носи со стил. Нејзината тајна за губење килограми по породувањето им е позната на многу мајки. „Вишокот килограми ги изгубив благодарение на доењето и ги охрабрувам и другите жени да дојат“, открила Бијонсе.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top