Игротека

Славни личности што одлучиле да не им остават наследство на децата

Понекогаш оние што се родени во богато и познато семејство можат да имаат потежок живот од другите. Тогаш се раѓа дилемата дали тој постигнал успех или, пак, семејната слава одиграла клучна улога? Понекогаш познатите родители им скратуваат многу работи на своите деца за да ги натераат сами да се пробијат низ животот.

Николас Кејџ дури го смени своето вистинското презиме Копола за сам да постигне успех. Позната е и приказната за Мила Кунис и Ештон Качер бидејќи тие решиле своето големо богатство да не им го дадат на своите деца. Еве некои други познати личности што донеле слични одлуки, од различни причини.

Марлон Брандо

Актерот имал 11 деца на кои можел да им го подели наследството. Сепак, дури и за време на неговиот живот, тој исклучил две лица од тестаментот: неговата посвоена ќерка Петра, која ја одгледувал од 14-годишна возраст, и синот на неговата покојна ќерка Шајен.

Официјалната причина за ова никогаш не била објавена во јавноста. Но, постои мислење дека одлуката во врска со Петра била донесена поради фактот што мајката на девојчето го тужела Брандо за пари. Не е позната причината зошто оскаровецот го казнил својот внук.

Даниел Крег

Актерот кој го глумеше агентот 007, се разбира, е многу богат. Според некои процени, тој вреди речиси 160 милиони долари, од кои повеќето ги заработил играјќи го Џејмс Бонд. Сепак, неговите две ќерки тешко дека ќе добијат нешто од оваа сума.

Бидејќи потекнува од сиромашно семејство, тој смета дека човек треба сам да заработува за живот. Самиот актер го нарекува концептот на „наследство“ прилично невкусен. Според неговата филозофија, човекот треба да ги потроши сите свои пари во текот на животот.

Шон Конери

Од 2020 година, кога почина Шон Конери, светот чекаше да биде објавен неговиот тестамент за да дознае дали неговиот син добил нешто. Дури и за време на неговиот живот Конери постојано изјавуваше дека ќе му го одземе наследството на синот за да му одржи лекција.

– Тој не знае колку е тешко да се заработи, но не е доцна да научи – изјави еднаш тој.

Сајмон Кауел

Музичкиот магнат, кој продуцираше серии како што се „Икс фактор“, „Американски идол“ и „Америка има талент“, исто така не планира да им остави наследство на своите деца. Според него, најдоброто нешто што човек може да им го даде на своите деца е времето и можноста да ги научи на она што го знае.

Продуцентот не верува во идејата да им го даде своето богатство на своите деца. Кауел вели дека повеќе би сакал да донира пари во добротворни организации кои им помагаат на децата и кучињата.

Лорин Пауел Џобс

Вдовицата на основачот на „Епл“, Стив Џобс, не планира да им остави наследство на своите деца, како што беше желбата на нејзиниот сопруг. Наместо тоа, нејзината цел е „ефикасно да ги распредели ресурсите“. Деловната жена инвестира милиони во компании кои можат да го променат светот. На пример, во 2015 година таа започна програма која им помага на студентите со ниски приходи да платат за колеџ.

Филип Сејмур Хофман

Во тестаментот на оскаровецот е наведен само еден наследник на целото негово богатство (околу 35 милиони долари) – девојката на Хофман, костимографката Маријана О’Донел. Хофман со неа имаше три деца. Актерот не планирал да им ги остави парите на децата. Според неговиот сметководител, тој не сакал неговите наследници да се чувствуваат како деца од „доверлив фонд“.

Хит Леџер

Ќерката на Хит Леџер остана без наследство бидејќи актерот направи тестамент неколку години пред нејзиното раѓање. Актерот почина во 2008 година, а целиот негов имот отиде кај неговите сестри и родители. Сепак, семејството Леџер ја направи вистинската работа и ѝ ги даде сите пари на неговата тогаш двегодишна ќерка Матилда.

Извор
Фото: Instagram

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top