Малечко девојче успеало да ги воодушеви корисниците на интернет откако слатко се преправа дека му се допаѓа готвењето на неговата мајка, а изгледа дека во секој момент ќе поврати.
Ени Вилкинс се вклучила на „Твитер“ минатата недела во услови на пандемија на коронавирусот за да објави видео од пред три години од нејзината тогаш четиригодишна ќерка Пајпер, која ја пробувала својата вечера.
„Мојата ќерка се преправа дека ѝ се допаѓаат шпагетите“, напишала мајката опишувајќи го неодоливото глумење на Пајпер. Клипот почнува со моментот кога Пајпер го вкусува првиот залак од шпагетите. Кога Ени прашува какво е јадењето, Пајпер вели „Добро!“, пред да почне да прави гримаси.
„Изгледа дека уживаш“, додава мајката на шега. Малото девојче слатко се обидува да ја прикрие реакцијата велејќи „Ммм!“, но изгледа како да ќе ја поврати храната во секој момент. „Добро си?“, ја прашува мајка ѝ. Роднините на Пајпер се смеат во заднина, а откако таа конечно ја голта храната, нервозно се насмевнува. „Во ред сум“, вели таа.
@somegoodnews my daughter pretending to like my spaghetti #spaghettidryheaves pic.twitter.com/drqe5CsHI6
— Annie Wilkins (@annie_wilkins) April 1, 2020
Видеото е прегледано повеќе од 326 илјади пати, а некои од тие што го виделе се трогнати од желбата на девојчето да не ги повреди чувствата на мајка си иако е очигледно дека не ужива во нејзината храна.
„Можам да кажам дека ова е едно од најсмешните видеа што сум ги видел во животот“, „Го гледав сто пати и секојпат се смеев. Таа е толку учтива!“, се дел од коментарите на корисниците.
Откако поминале три години и видеото стана вирално, Ени раскажува дека првично била изненадена од реакцијата на Пајпер. „Направив шпагети, како што правев и порано, а никој не ги критикуваше. Тоа е вечера што сите мои деца ја јадат“, се сеќава Ени. „
– Ѝ реков дека не треба да ја заврши вечерата ако не ѝ се допаѓа. Таа само ме погледна и рече: – Ох, добро. Ѝ дадов големо лижавче потоа – раскажува мајката.
Автор: Ерика Темпеста
Извор: dailymail.co.uk