Игротека

Мајка ми ми рече дека сум алергична на газирани пијалаци, а не бев.. Лагите што ни ги кажуваа родителите

На социјалните мрежи луѓето ги споделиле своите сеќавања за работите за кои ги лажеле родителите за нивно добро, а во во кои верувале со години. Некои реченици се исти, без разлика на тоа во која земја живеете.

Сите знаеме дека родителството може да бара многу од нас и дека треба да се снајдеме во одредени ситуации со децата и да имаме многу разбирање и трпение. Почесто отколку што мислите, и родителите прибегнуваат кон извртување на вистината за да ја намалат љубопитноста на децата.

Луѓето ги споделиле своите приказни со хаштаг „Лагите што ви ги кажале родителите“ (#LiesYourParentsToldYou). Многу од нив признале дека во овие „бели лаги“ верувале со години.

1. Сладолед можеш да купиш само во петок.

 

2. Нема да се налутам ако ми ја кажеш вистината.

3. „Можеш да правиш што сакаш кога ќе имаш 18 години“. Кога наполнив 18, рекоа дека морам да го правам тоа што ќе ми го кажат сè додека сум под нивен покрив.

4. Кога бев мала, татко ми ми кажа дека не смеам да голтам семки бидејќи ќе ми порасне растение во телото. Му поверував.

 

5. Ако постојано правиш гримаси, лицето ќе ти остане такво.

 

6. Овој автомобил ќе биде твој еден ден.

7. Немој да киваш со отворени очи, ќе ти испаднат.

8. Го удрив лакотот и многу ме болеше, не можев да престанам да плачам. Ми рекоа дека ќе ми помине до мојата свадба. Болката помина и пред тоа.

9. Мајка ми ми рече дека сум алергична на газирани пијалаци, а не бев. Не пиев газирани сокови до 13 години.

 

10. Не превртувај ги очите, такви ќе ти останат цел живот.

11. Ако голтнеш гума за џвакање, ќе ти се залепат цревата.

12. Ако не пуштиш вода откако ќе извршиш нужда, смрдеата ќе ги привлече пираните и следниот пат кога ќе одиш во тоалет ќе те каснат за задникот.

 

13. Сè ќе биде во ред.

 

14. Ако бидеш лош, ќе имаш кошмари.

15. Немој да стоиш пред микробрановата печка да не експлодира.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top