„Скитникот и синовите“ ни раскажува за еден поинаков старец и едно поинакво море. Капетан Јосиф и неговиот брод Барболета тргнуваат на најважното животно патување. Неговите најдобри пријатели му ги оставаат своите синови за време на летниот распуст, со намера да им одржи поморски курс. Неумесен со деца, токму со нив ќе тргне на откривање на својата животна вистина, снаоѓајќи се во миговите на опасност.
Раскажана со леснотија, оваа книга е храбро впуштање во сопствената душа и осветлување на своите длабочини.
„Скитникот и синовите“ е најновиот роман за деца и млади на бугарскиот автор Александар Секулов, добро познат на бугарската сцена не само како автор туку и како креатор на културниот живот во родниот Пловдив.
Оваа книга е дел од едицијата „Магични приказни“ поддржана од проектот „Креативна Европа“, од Програмата за култура на Европската Унија.