Како што растат, децата стануваат понезависни. Но, тоа често не е случај, особено ако правите сè за нив. Малку по малку поттикнете ја нивната независност и научете ги како да ги преземат домашните обврски.
Многумина во одредени ситуации се изненадени од изјавите на децата бидејќи сметаат дека не успеале да ги научат на основните вредности. Тоа значи дека родителите пропуштиле некои важни елементи во нивните воспитни методи кои би им укажале на децата на важноста на одредени однесувања и мислења. Иако ова е пат поплочен со добри намери, овие седум навики целосно ќе ги разгалат вашите малечки.
1. Го чистите нивниот неред наместо сами да го исчистат
Иако понекогаш е полесно да се средат играчките или да се исчистат остатоците од храната што децата ги расфрлале отколку да ги научите како сами да го прават тоа, одолејте му на искушението. Ако ви се брза, оставете несредено и потоа одвојте време да ги научите вашите малечки да си исчистат сами. Дајте му на секое дете по една задача да ја изврши самостојно. Децата мора да ги искусат последиците од нивното однесување.
2. Ги оставате да ви наредуваат и да зборуваат со вас без почит
Разгалените деца можат да бидат вистински мали манипулатори. Тие користат зборови кои предизвикуваат чувство на вина кај вас за да ве контролираат. Ако забележите такво однесување, прекинете го. Децата треба да бидат свесни за нивната улога во семејството, а вие како родител треба да имате контрола.
3. Им давате сè што ќе посакаат, дури и ако тоа не е добро за нив
На сите им требаат граници. На вашето дете нема да му се допаднат тие граници, но тие постојат за негово добро. Родителите треба да работат заедно како тим за да ги создадат тие граници, а тоа го вклучува прашањето за облеката што ја носат децата, филмовите што ги гледаат, видеоигрите што ги играат и храната што ја јадат, па дури и музиката што ја слушаат и прашањата за тоа кое другарче можат да го поканат дома за да играат, а кое не.
Како што растат децата, овие ограничувања може да важат и за други области. Но, ако родителите не се согласуваат за границите, тогаш тие стануваат обични предлози.

4. Им дозволувате да се откажат од активностите
Кога детето ќе ве замоли да престане со активности или спортови, не заборавајте дека треба да ги откриете мотивите што стојат зад таа одлука. Можеби имаат добра причина, но ако одговорот е само дека повеќе не сакаат да одат затоа што не сакаат да вложат труд, тоа не е причина да се откажат. Истражувањата покажаа дека воннаставните активности им овозможуваат на децата да научат важни вештини и лекции кои можат да им помогнат дури и во образованието.
5. Им дозволувате да бидат непристојни
Возраста и полот често играат улога во одредени однесувања, особено кога станува збор за развојни фази, но тоа не треба да биде изговор за непослушност и непочитување. Ако кажете дека момчињата се такви или девојчињата се такви, му дозволувате на детето да ја избегне одговорноста за своето однесување.
6. Не се дисциплинирани
Кога родителите ја намалуваат казната што веќе ја имаат изречено за одредено однесување, или дури и не го казнуваат детето, тие испраќаат порака дека нивните зборови не значат многу. Така, следниот пат кога ќе му кажете на детето да престане со несаканото однесување затоа што ќе го испратите во собата, тогаш треба да бидете доследни и навистина да го направите тоа.
7. Ги правите работите наместо нив
Како што растат, децата стануваат понезависни. Но, тоа често не е така, особено ако се навикнати да правите сè за нив. Малку по малку поттикнете ја нивната независност и научете ги како да ги преземат домашните обврски. Доколку не сакаат да учествуваат, ограничете им го времето пред компјутер или ТВ. Во семејниот живот може да се примени поговорката дека тој што не работи – не јаде.