Јануари е тука! И не се мисли само на фактот дека е темница уште од 16 часот и 30 минути. Јануари е совршениот месец за да се исполните со гнев за сè и сешто. Студено, со температури под нулата? Супер лути. Потреба да се оди надвор, а времето е лошо? Некој ќе плати за ова. Децата се жалат дека е премногу студено надвор?

Факт: Дождовите во април носат цветови во мај. Друг факт: Јануари носи валкани и испрскани автомобили, редици во сообраќајот и безброј пцости. Ќе ја пцуете огромната количина на училишни извештаи, ќе го колнете времето бидејќи децата се секогаш внатре… и тоа е само почетокот на лудото заедништво кое се одвива во затворен простор.

Тешко е да се поверува, но за 6 месеци сите ќе бидеме изморени од мачкање крем за сончање врз децата и обидите да ги убедиме дека единственото нешто што може да произлезе од натрупувањето на влажните крпи е мувлата. Но, сега сите ја мразиме зимата. Сега кога празниците завршуваат, време е за сезонско нарушување, и помалку познатиот сезонски убиствен гнев. Јануари е замрзната „кучка“. Се разбира. Февруари може да биде и побрутален. Но тогаш веќе сме скршени од порастот на сметката за греење. Да, овој месец започнува војната на термостати. Нема компромис, или е премногу топло или е толку студено што добро им е само на поларните мечки.

Во јануари се одвиваат внатрешни спортови. Тоа значи дека децата носат шорцови и дресови, над слоеви од топла облека која мора да ја носат ако сакаат да го преживеат „спринтот“ од автомобилот до салата за гимнастика. Ништо не вели „испотена мајка“ како борењето со прваче со снежни чизми и трансфер во патики за кошарка. Училиштето има толку барања во јануари. Или децата се подготвуваат за пролетните активности или тестови, или и двете. Тогаш настанува календарски хаос. Нема да го видите семејството како што треба до април. Влажната коса на детето, пак, не може да биде толерирана во студените јануарски утра. Стоењето под фен, пак, не е толерирано од вашето дете со влажна коса. Губитник? Мајката. Победник? Јануари.

Во јануари чувствувате притисок да се организирате, да останете „фит“, да се храните здраво и да се справите со финансиите. Нема да ги направите овие работи, но, бидејќи од училиштето има толку многу барања, а спортовите се скапи, а времето пак е толку ограничено, едвај ќе успевате да се справите со носењето на децата на закажаните активности за кои доцните. Повторно.

Не е ваша вина што јануари ги мрази мајките. Едноставно тоа е календарски начин за кажување: „Не сме најдобри пријатели“.

Автор: Никол Ли Шо

Извор



912

X