Игротека

„Сите мои проблеми имаат само едно решение – прегратката од ќерка ми“

Одговорноста за градење на самодовербата на ќерката прво паѓа на рамото на родителот. Се разбира, има многу работи што треба да се земат предвид. Сепак, можеме да почнеме со тоа што повеќе ќе ги охрабруваме.

– Срцето на ќерката се загрева со секоја измината година. Таа секогаш ја покажува љубовта кон нејзините родители.

– Без разлика колку време ќе помине, мојата ќерка секогаш ќе биде мојата мала принцеза.

– Ќерка е само мало девојче кое расте во твојата најдобра пријателка.

– Ќерка е некој што ти го исполнува срцето со љубов и твоите денови со радост. Таа е некој што ви го менува животот од моментот кога ќе стане дел од него, а потоа ве тера да се запрашате како некогаш сте живееле без неа.

– Мораме да почнеме да ги учиме нашите ќерки да бидат нeкои наместо нечии.

– Кога би можел да ѝ дадам 3 работи на ќерка ми, тоа би било самодоверба секогаш да ја знае нејзината вредност, сила да ги следи нејзините соништа и способност да знае колку многу е сакана.

– Те сакам поради малото девојче кое некогаш беше, за неверојатната жена што си денес и за скапоцената ќерка која секогаш ќе бидеш.

– Сите мои животни проблеми имаат само едно едноставно решение, прегратката од мојата ќерка.

– Пред да се родиш, те носев под моето срце. Од моментот кога пристигна на овој свет до моментот кога ќе го напуштам, секогаш ќе те носам во моето срце.

– Најскапоцениот накит што некогаш ќе го имате околу вратот се рацете на вашата ќерка.

– Најдобрата музика што сум ја слушнал е звукот на кикотењето на ќерка ми.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top