Здравје

Сите мислат дека е болест на возрасните: 8 симптоми на Алцхајмерова болест кај децата

Иако болеста обично ги погодува луѓето на возраст над 65 години, Алцхајмеровата болест може да се појави кај едно од 40.000 деца со синдром Санфилипо и едно од 60.000 деца со Ниман-Пикова болест. Еве осум симптоми кои родителите можат да ги препознаат.

Оваа болест се нарекува „детска Алцхајмерова болест“ бидејќи многу од симптомите се слични на оние на Алцхајмеровата болест кај возрасните. Синдромот Санфилипо е метаболичко нарушување кое може да предизвика оштетување на мозокот, што може пак да предизвика симптоми како што се отежнато голтање, јадење или одење. Додека болеста Ниман-Пик може да предизвика симптоми како што се тешкотии со говорот и координацијата. Двете нарушувања спаѓаат во групата нарушувања на лизозомалното складирање и се исклучително ретки.

Идентификувањето на состојбата може да биде комплицирано во првите неколку години од животот, при што и двете здравствени состојби полесно се откриваат кај деца на возраст од четири години па нагоре. Но, бидејќи овие симптоми се многу ретки, лекарите ќе анализираат долга листа со други состојби кои би можеле да предизвикаат симптоми кај детето пред да му дијагностицираат Алцхајмерова болест.

Тестовите што треба да ги направи лекарот се генетски тестови за да се потврди дијагнозата. Само 1 од 70.000 бебиња добива дијагноза на Санфилипо синдром, што значи дека е од суштинско значење да не се отфрлаат необјаснетите симптоми што може да ги доживее вашето дете.

Иако не е јасно што го предизвикува нарушувањето кај децата, лекарите веруваат дека генетиката игра клучна улога и дека родителите носат гени за двете состојби, дури и ако самите ги немаат. Симптоми на Алцхајмерова болест во детството ако детето има Санфилипо синдром се: намалени моторни вештини, како што се проблеми со одење, нејасен говор или неможност за зборување, намален мускулен тонус, брзо трепкање, бавен интелектуален развој, несоодветно однесување, напади, проблеми со видот или слухот…

Симптоми на болеста Ниман-Пик се: недефиниран мускулен тонус, респираторни инфекции, чудни движења на очите, когнитивна неразвиеност, тешкотии во хранењето.

Дали постои третман за детска Алцхајмерова болест?

Синдромот Ниман-Пик и Санфилипо се ретки и често фатални болести, што значи дека истражувањето продолжува со цел да се најде потенцијален лек и ефективен третман за овие состојби. За жал, бидејќи и двете состојби се прогресивни, на децата со која било од овие состојби ќе им се влошуваат симптомите како што стареат.

Сепак, експертите препорачуваат ангажирање на физиотерапевт кој може да помогне да се изгради мускулна сила и да се справи со мускулната слабост. И бидејќи болестите предизвикуваат тешкотии во голтањето, од клучно значење е да се осигурите дека детето ја има вистинската исхрана. Покрај тоа, логопед може да помогне во комуникациските вештини.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top