Игротека

Сите играат, тој да ги гледа? Друго време – други генерации… Размислувања на родителите за мрежното играње

Покрај онлајн-наставата, голем дел од учениците и слободното време го трошат на мобилните и лаптопите. Пандемијата и стравот да се сретнат со другарите си го направија своето, па поради тоа дружбата се префрли во онлајн-светот. Некои дури и големиот одмор го користат за играње видеоигри сами или мрежно.

Друго време-други генерации. Затоа што сите деца играат. Сите играат, тој да ги гледа?… Вака размислуваат дел од 50 родители што одговорија на мини-анкетата за играњето видеоигри мрежно. Иако повеќето се плашат дека играњето може да премине во зависност кај нивното дете (58%), сепак, поголемиот дел (78 %) им дозволуваат на своите деца да играат мрежно. Времето одделено за игра кај повеќето е од 1 до 3 часа.

Distance learning online education. Schoolboy studying at home with laptop notebook and doing school homework.

Дел од родителите ги кажуваат причините зошто му дозволуваат на детето да игра мрежно:

– Мислам дека е нормално за нивната генерација, тоа е еден вид дружење.

– Ги познавам децата со кои игра.

– Затоа што тимското играње во иднина значи и тимско работење во организација, доколку е соодветна играта.

– Во време на пандемија, полициска часови, затворени дома, уште тоа да им го укинеме на децата.

– Главно се натпреваруваат со другарчињата, тоа го исполнува, среќен е кога ќе победи предизвик кој другите не можат да го поминат.

– Затоа што на тој начин сега се дружат, слушам како се смее во соба и мислам дека тоа им фали во овој период, дружење и смеа.

– Нормално ми е за ова време во кое расте одреден период во денот да игра, но не секој ден.

– За да биде со другарчињата, бидејќи сите играат и постојано се дома, нема играње надвор.

Родители што се против мрежното играње споделуваат:

– Стануваат зависни.

– Уште не му даваме ни телефон ни таблет.

– Доволна е онлајн-наставата, штетно е многу долго да седи пред лаптоп.

– Затоа што сметам дека од видеоигрите учи неубави работи и тоа му штети на развојот.

– Не сакам да игра со непознати, во мрежно играње се среќаваат секакви деца.

– Мислам дека е подобро да се игра надвор, на чист воздух отколку пред лаптоп.

Иако некои родители не сметаат дека играњето преминува во зависност, бидејќи нивното дете престанува со игра штом ќе му се каже, не се буни, не игра кога има тестови итн., некои се загрижени и објаснуваат зошто мислат дека играњето преминува во зависност.

– Веднаш се нервира кога ќе му речам да прекине. Го менува расположението, бара уште малку да поигра, па доколку му дозволам, повторно бара уште дополнителни 5 мин.

– Тешко му е кога треба да се исклучи.

– Затоа што заборава на другите обврски… станува мрзлив, без толеранција… лошо е.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top