Одличен начин за да се третира настинката и да се олесни кашлањето е да се зема од домашно подготвениот сируп од морков, со лимон и мед. Морковот содржи антиоксиданси и е експекторант кој помага во борбата против настинката и грипот, особено во намалувањето на симптомите на кашлање бидејќи ги прочистува дишните патишта и ја смирува иритацијата предизвикана од кашлањето.

Како да го подготвите сирупот?

Состојки: 1 рендан морков, половина лимон, 2 лажички шеќер и 1 лажичка мед.

Подготовка: Изрендајте го морковот или исечете го на многу тенки парчиња и потоа ставете го во чинија, па поросете од шеќерот. За да го зголемите ефектот на лекот, додајте сок од половина лимон и 1 лажичка мед. Сето тоа треба да биде оставено на отворено да постои неколку минути, па кога морковот ќе почне да го пушта својот природен сок, тогаш сирупот е спремен за консумација. Се препорачува да се земаат 2 лажички од сирупот дневно, но треба да се консумира внимателно бидејќи содржи високи нивоа на шеќер.

Кои се придобивките од сирупот?

Состојките во сирупот се одлични за:

– Зајакнување на имунолошкиот систем бидејќи се богати со антиоксиданси и витамин Ц;
– За отстранување на слузта од грлото бидејќи сирупот е одличен експекторант;
– За намалување на кашлањето бидејќи се прочистува грлото;
– За борење против грипот, настинката, за ослободување на слузта во носот, грлото и белите дробови.

Дополнително, сирупот има добар вкус, што значи дека децата лесно ќе го консумираат. Добро време за да се земе доза од сирупот наутро и по оброците, бидејќи гликемискиот индекс не се зголемува многу брзо. Важно е, исто така, да не им се дава сирупот на деца под 1 година бидејќи содржи мед и за да се избегне ботулизам (ботулизам е болест што ја предизвикува бактерија позната како „Clostridium botulinum“, Грам-позитивна бактерија која се размножува во анаеробни услови). Во тој случај, само исфрлете го медот од рецептот, а сирупот ќе го има истиот ефект.

Извор



912

X