Инфлуенсерите Анас и Асала Марва платиле неверојатни 100.000 долари за да го објават полот на нивното неродено бебе на една од највисоките згради во светот, Бурџ Калифа.

Забавите за откривање на полот не се нешто ново, а станаа популарни од почетокот на 21 век. Голем број парови на уникатен и оригинален начин им го откриле полот на бебето на нивните семејства и пријатели, но тие сѐ почесто се мета на критики. Некои луѓе велат дека ваквите забави се непотребно прикажување на богатството, додека други велат дека некои од забавите претставуваат потенцијална опасност.

Но, Анас и Асала Марва, кои имаат над 7 милиони следбеници на нивниот јутјуб-канал „Семејството Анасала“, одлучиле да потрошат над 100.000 долари за полот на нивното бебе да биде напишан на Бурџ Калифа во Дубаи. На видеото споделено на „Јутјуб“ се гледа како зградата е обоена во сино по драматичното одбројување.

Иако видеото има над 15 милиони прегледи, многу луѓе ги критикуваа поради непотребниот драматичен настан велејќи дека повеќето Сиријци се гладни, во бегалски кампови, а овој пар троши 100.000 долари за откривање на полот, што за повеќето луѓе е срамно.

Извор



912

X