Од првите моменти во бременоста вашето тело почнува да се менува. На почетокот овие промени се речиси незабележливи, но со текот на времето стануваат сè повидливи. Една од првите видливи промени може да се појави на градите.

Она што секоја трудница го забележува е дека градите се потешки, поцврсти, поболни, но и дека под кожата се појавуваат сини вени.

Зошто во бременоста се појавуваат сини вени на градите?

Иако тие можат да ви го привлечат вниманието, важно е да знаете дека овие промени се нормални и природни. Тие се појавуваат затоа што волуменот на крв во вашето тело се зголемува, а вените и артериите се зголемуваат и стануваат повидливи.

Како што се приближува породувањето, вените на градите ќе станат повидливи додека градите се полнат со млеко за да се подготват за хранење на бебето.

Дали треба да се загрижите ако вашите вени се прилично видливи?

Иако понекогаш знаат да бидат многу забележливи, а можеби и ви пречат, тоа воопшто не е причина за загриженост. Не треба да го поврзувате појавувањето на овие вени со проширени вени, што може да укажува на проблеми со циркулацијата.

Исто така, не е потребна посебна грижа, иако генерално се препорачува нежно да се масираат градите во текот на бременоста за да се ублажат можните непријатности поврзани со промените.

Извор



912

X