Здравје

Симптоми на депресија кај децата

Депресијата кај децата многу се разликува од класичното лошо расположение или тага. Како што објаснува педијатарот Ден Бренан, само затоа што детето изгледа тажно, не значи дека е во депресија.

Меѓутоа, ако нерасположението трае подолго, не исчезнува или ги попречува неговите нормални социјални активности, интереси, училишни обврски или функционирање на семејството, ова може да биде знак дека детето има депресија. Исто така, педијатарот предупредува дека иако депресијата е сериозна состојба, таа може да се излекува доколку навреме се препознае и соодветно се лекува.

Како да препознаете депресија кај децата?

Симптомите на депресија кај децата се различни. Состојбата често не се дијагностицира и не се лекува бидејќи симптомите погрешно се толкуваат како нормални емоционални или психолошки промени предизвикани од надворешни фактори, како што се движење, развод на родители и слично.

Раните медицински студии се фокусирале на „маскираната“ депресија, во која депресивното расположение на детето било погрешно помешано со „глумење“ или лошо однесување, објаснува Бренан. Иако ова се случува повремено, особено кај помалите деца, многу деца покажуваат тага или лошо расположение слично како кај возрасните што страдаат од депресија. Симптомите на депресија кај децата се:

– нерасположение или лутина
– постојано чувство на тага и безнадежност
– одбивање да се дружи со пријателите или семејството
– промени во апетитот
-промени во спиењето (несоница или премногу спиење)
– чести изливи на гнев или плачење
– проблеми со концентрацијата
– недостиг на енергија
– физички поплаки (абдоминална болка или главоболки)
– проблеми на училиште
– немање интерес за хоби
– размислување за смрт или самоубиство.

Педијатарот Бренан нагласува дека не сите деца ги имаат сите наведени симптоми – повеќето ќе покажат различни симптоми во различно време и во различни услови. На пример, некои деца може да продолжат да имаат непроменливо однесување во структурирана средина, додека ќе има забележителни промени во нивните воннаставни активности, губење интерес за училиште и слаб успех.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top